Линкови за пристапност

Главен предизвик е да го спасиме единството во Европа, им порача Зеленски на сојузниците


Украинските воздухопловни сили соопштија дека Русија испратила вкупно 29 беспилотни летала во нападите насочени кон регионите Одеса, Миколаев и Кироховрад.
Украинските воздухопловни сили соопштија дека Русија испратила вкупно 29 беспилотни летала во нападите насочени кон регионите Одеса, Миколаев и Кироховрад.

Украинската војска во четвртокот соопшти дека уништила 24 беспилотни летала лансирани од руските сили во текот на ноќта, додека украинскиот претседател Володимир Зеленски замина во Шпанија за да побара поддршка од европските сојузници за зајакнување на воздушната одбрана на неговата земја.

Украинските воздухопловни сили соопштија дека Русија испратила вкупно 29 беспилотни летала во нападите насочени кон регионите Одеса, Миколаев и Кироховрад.

„Главниот предизвик што го имаме е да го спасиме единството во Европа“, им рече Зеленски на новинарите при пристигнувањето на разговорите во Гренада.

Зеленски рече дека е важно Украина да има „одбранбен штит за зимата“ со тоа што Русија се очекува да изврши многу напади со проектили и ирански беспилотни летала.

Тој, исто така, ја наведе, како што рече, 100% поддршка од американскиот претседател Џо Бајден, како и дво-партиска поддршка од американскиот Конгрес, неколку дена по краткорочниот договор за финансирање што ја исклучува дополнителната помош за Украина.

Бајден ги повика клучните западни сојузници во вторникот за да ги увери во континуираната американска воена поддршка за Украина, откако група конгресни републиканци принудија да се стопира итно ново финансирање за Киев.

XS
SM
MD
LG