Линкови за пристапност

Косовскиот премиер Албин Курти бара Србија да ги ослободи тројцата погранични полицајци


Притворањето на полицајците може дополнително да ги подгрее тензиите во северниот дел на Косово, претежно со Срби, кој се граничи со Србија и во кој имаше насилство во последните недели.
Притворањето на полицајците може дополнително да ги подгрее тензиите во северниот дел на Косово, претежно со Срби, кој се граничи со Србија и во кој имаше насилство во последните недели.

Косовскиот премиер Албин Курти бара ослободување на тројцата гранични полицајци. Курти рече дека тие биле уапсени на 300 метри на територијата на Косово, во близина на границата со Србија во средата. Српските власти дадоа друга локација за апсењето, велејќи дека полицајците биле уапсени длабоко во српската територија.

„Косовската полиција сака да нагласи дека единицата за патролирање на граничната полиција имала службена должност на фиксна точка на местото наречено Тресаве, или Баре, длабоко на територијата на Република Косово. Тие ја вршеа својата службена должност да спречат илегален премин, да ги спречат криминалните групи да ги искористуваат нелегалните патишта во таа област, да ги спречат криминалните групи да шверцуваат различна стока во Косово, вклучително и оружје во тој дел“, изјави Баки Келани, портпарол на косовската полиција.

Како одговор на приведувањето, косовскиот министер за внатрешни работи им нареди на полицајците на граничните премини да ги запрат сите камиони со српски регистарски таблички.

Шефот на српската владина канцеларија за Косово рече дека Србија е подготвена да прифати меѓународна истрага за апсењето.

Притворањето на полицајците може дополнително да ги подгрее тензиите во северниот дел на Косово, претежно со Срби, кој се граничи со Србија и во кој имаше насилство во последните недели.

Косово прогласи независност од Србија во 2008-ма година.

XS
SM
MD
LG