Линкови за пристапност

Њујорк тајмс: Вучиќ создава нејасна линија помеѓу организираниот криминал и државата за лична корист


Вучиќ ја има дарбата на демагогот да им вдахне нов живот на понижувачките стереотипи, наведува Њујорк Тајмс.
Вучиќ ја има дарбата на демагогот да им вдахне нов живот на понижувачките стереотипи, наведува Њујорк Тајмс.

За време на деветте години на власт на српскиот претседател Александар Вучиќ, српските фудбалски хулигани и криминалните банди кои се преклопуваат со нив - беа вплеткани во нестабилната етничка политика во регионот и помогнаа да се поттикнат српските негодувања во другите балкански земји, анализира угледниот Њујорк тајмс.

Весникот додава дека некои од нив, искажуваат лојалност кон Русија.

„Некои Срби се приклучија на паравоената група Вагнер, која има своја историја на најмување криминалци и објави видеа за регрутирање на српски јазик за војната во Украина“, посочува истиот извор.

Иако Вучиќ ја прекори групата Вагнер, пишува Њујорк тајмс, Србија и понатаму е меѓу Русија и Западот. „Сето ова го става Вучиќ во позиција на извонредна моќ. Во услови на криза, тој би можел да одлучи дали балканскиот регион ќе се сврти кон мир или ќе се врати во насилство“, наведува Тајмс.

„Највидливите ризици денес се фокусирани на Косово, земјата на југот на Србија која е етнички мнозински албанска, но содржи џебови кои се мнозински Срби, особено на северот. Српските лидери остануваат длабоко незадоволни поради отцепувањето на Косово од Србија по југословенските војни во 1990-тите и одбиваат да ја признаат нејзината независност, која беше меѓународно воспоставена во 2008 година“, потсетува Њујорк тајмс. Сценариото што ги држи будни западноевропските лидери оди отприлика вака, анализира Тајмс: „Вучиќ, наведувајќи закана за српското малцинство, испраќа војници преку границата и го анектира северно Косово. Србите на други места во регионот потоа ги напуштаат своите домови или бараат повеќе промени на границите. Ова може да значи крај на Дејтонскиот договор, пактот со посредство на американскиот дипломат Ричард Холбрук, кој ги заврши најлошите борби во 1995 година и ја преправи картата на поранешна Југославија. Може да предизвика нова војна. Дури и без насилство, падот на Дејтонскиот поредок ќе ја зајакне политиката на етничка солидарност и автократија на целиот Балкан“.

Друго сценарио, според Њујорк Тајмс, вклучува Вучиќ да ги прикрие своите иредентистички намери, сè додека Србија не биде примена во ЕУ. Ова сценарио за тројански коњ доби доверба делумно поради неолибералниот премиер на Унгарија Виктор Орбан, близок сојузник на Вучиќ, кој ревносно лобираше за прием на Србија.

„Се чини дека тој се надева дека Вучиќ може да и помогне на Унгарија, членка од 2004 година, да го насочи европскиот клуб во попопулистичка и помалку демократска насока“, наведува Њујорк тајмс.

Вучиќ, според истиот извор, не е самиот одговорен за сеењето страв и ендемскиот криминал. Тоа е речиси дел од сценографијата на Балканот, толку многу што самото име на регионот со векови се користи од страна на надворешни лица како еден вид стенографија за етничка омраза и насилство - „сцена поставена за егзотични трилери за корупција, брзо убивање и лесно злосторство“, како што напиша историчарот Марк Мазовер.

Но, Вучиќ ја има дарбата на демагогот да им вдахне нов живот на понижувачките стереотипи, наведува Њујорк Тајмс.

Тој брилијантно го искористи мафијашкиот проблем на Србија, создавајќи средина во која нејасната линија помеѓу организираниот криминал и државата, оди во негова корист.

Њујорк Тајмс наведува дека на почетокот на 2017-та, Вучиќ најави дека ќе се кандидира за претседател. Кампањата што следеше беше преполна со обвинувања за заплашување гласачи, при што некои вработени во јавниот сектор рекоа дека биле под притисок да ја поддржат владејачката партија, според извештајот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа.

Во медиумското покривање доминираа органите на партијата, кои ги оцрнија ривалите на Вучиќ. Според Бироди, независна истражувачка група, тој доби 120 пати поголемо покривање од двата водечки опозициски кандидати, заедно. Вучиќ победи на претседателската функција со значителна разлика. Стилот на владеење станува поотворено авторитарен, со јавни демонстрации на лојалност од страна на неговите сојузници.

Во исто време, Тајмс наведува дека Вучиќ стана поотворен во неговото додворување со авторитарните лидери на Русија, Унгарија и Кина.

Тој испрати смирувачки сигнали до Европејците, но имаше и други пораки за неговата конзервативна база и за српските националисти што ги поддржува во Босна, Косово и Црна Гора.

Пред речиси една деценија, американскиот аналитичар Даниел Сервер помогна да се организира првото јавно појавување на Вучиќ во Вашингтон. Сервер работеше на Балканот во 1990-тите и знаеше се за националистичките корени на Вучиќ. Но, тој беше разочаран од резултатите на другите српски политички лидери. Сервер го опиша Вучиќ како интелигентен и сериозен. „Имаше некаква надеж, дека Вучиќ би можел да биде фигура „Никсон во Кина“, способна да ја доведе конзервативната база на неговата партија до поцелосно помирување со соседите на Србија“.

САД и ЕУ продолжија да соработуваат со Вучиќ, фокусирајќи се на политиките на економскиот раст, и главно, игнорирајќи го неговиот неолиберализам.

Администрацијата на Трамп изгледаше особено поволна за Вучиќ, отворено застана на страната на него, во регионалниот спор за тарифите и принудувајќи ја популарната влада на Косово да колабира. Трамп испрати специјален пратеник во регионот, Ричард Гренел, кој изгледаше подготвен да посредува во српско-косовски „договор на векот“ за да ги подобри изгледите на Трамп на претседателските избори во 2020 година, иако тоа не се случи, наведува Њујорк Тајмс.

Сервер и голем број други експерти за Балканот велат дека САД и ЕУ пропуштаат можност да го втурнат Вучиќ во подемократска насока.

„Имаме повеќе моќ на Западен Балкан, отколку каде било на земјата“, рече Курт Басуенер, експерт, кој има пишувано опширно за Балканот.

„А сепак, нашата политика ја градиме на Вучиќ и луѓето како него“. Ако Вучиќ знаеше дека ризикува да загуби голем дел од својата западна финансиска и дипломатска поддршка, рече Басуенер, неговата пресметка може да се промени за сите видови работи, вклучително и неговата навика да кокетира со криминалците и хулиганите. Мислењето дека Србија може да го „балансира“ Западот против Русија е во голема мера фатаморгана“, заклучи Басуенер.

Русија можеби е традиционален сојузник на Србија, но Путин, кој се бори да ја обнови сопствената уништена армија, има малку суштина да им понуди на обичните Срби, заклучува Њујорк тајмс во анализата за владеењето и спрегата со криминалците на српскиот претседател Вучиќ.

XS
SM
MD
LG