Линкови за пристапност

Нашите вредности и грижи се исти, рече Бајден на средбата со ирскиот премиер Лео Варадкар


Ирска прими речиси 80.000 бегалци од Украина по руската инвазија и ги поддржуваше напорите предводени од САД
Ирска прими речиси 80.000 бегалци од Украина по руската инвазија и ги поддржуваше напорите предводени од САД

Претседателот на САД Џо Бајден денес се состана со највисоките лидери на Ирска, зборувајќи за заедничките вредности меѓу двете нации и можностите кои претстојат, истовремено пофалувајќи ја нацијата за нејзината хуманитарна работа во пречекот на украинските бегалци.

„Мислам дека нашите вредности се исти“, рече Бајден за време на средбата со премиерот на Ирска Лео Варадкар. „И мислам дека нашите грижи се исти. Затоа, со нетрпение очекувам да продолжам да работам со вас“.

Ирска прими речиси 80.000 бегалци од Украина по руската инвазија и ги поддржуваше напорите предводени од САД. Бајден рече дека е импресиониран од посветеноста на Ирска.

„Знам дека не е лесно“, рече тој за прифаќањето на толку многу луѓе во земјата.

„Само мислам дека е многу убаво чувството што можам да го имам ова - посилни односи меѓу САД и Ирска“.

Бајден, кој често го истакнува неговото ирско наследство, го затвора своето патување со говор утре во Балина, домот на неговите предци, на западниот брег на Ирска.

Веднаш по слетувањето во Даблин вчера, Бајден отпатува во округот Лаут, дом на неговиот прадедо од мајка му, и го обиколи замокот Карлингфорд.

На средбата со локалните жители во паб, Бајден зборувал за своите корени, повторувајќи ја приказната што ја раскажа за време на неговата посета на Ирска во 2016 година за Финеган и Џозеф Керни, прадедото на поранешниот претседател Барак Обама, кој исто така бил чевлар од блискиот округот и емигрирал во САД во исто време.

„Во сите нивни соништа, не сум сигурен дека можеле да замислат дека 175 години подоцна и нивните правнуци ќе бидат претседатели на САД - Барак Обама и Џо Бајден“, рече тој.

Дел од информациите се од АП

XS
SM
MD
LG