Линкови за пристапност

Бајден се среќава со лидерите на Ирска


Американскиот претседател Џо Бајден денес во Даблин се сретна со ирскиот претседател Мајкл Хигинс. Бајден ќе се сретне и со премиерот Лео Варадкар пред говорот во Парламентот. Бајден поминува три дена во Ирска на својата прва посета како претседател.

Бајден, кој често го истакнува неговото ирско наследство, го затвора своето патување со говор утре во Балина, домот на неговите предци, на западниот брег на Ирска.

Веднаш по слетувањето во Даблин вчера, Бајден отпатува во округот Лаут, дом на неговиот прадедо од мајка му, и го обиколи замокот Карлингфорд.

На средбата со локалните жители во паб, Бајден зборувал за своите корени, повторувајќи ја приказната што ја раскажа за време на неговата посета на Ирска во 2016 година за Финеган и Џозеф Керни, прадедото на поранешниот претседател Барак Обама, кој исто така бил чевлар од блискиот округот и емигрирал во САД во исто време.

„Во сите нивни соништа, не сум сигурен дека можеле да замислат дека 175 години подоцна и нивните правнуци ќе бидат претседатели на САД - Барак Обама и Џо Бајден“, рече тој.

XS
SM
MD
LG