Линкови за пристапност

Бајден во Ирска за да го поддржи и одбележи мировниот договор


Бајден ќе се сретне со британскиот премиер и ќе одржи говор по повод 25-годишнината од Договорот од Велики петок – и со тоа официјално ја започнува првата целодневна посета на Северна Ирска и Ирска.

Бајден, кој често ги спомнува неговите ирски корени, рече дека овонеделната посета на Емералд островот не е одмор.

Како одговор на новинарско прашање, Бајден ја истакна важноста на договорот од 1998 година кој донесе мир на островот по децении судири меѓу претежно католичките националисти, кои сакаа да се обединат со соседна Ирска, и главно протестантските унионисти, кои сакаа да останат во рамките на Обединето Кралство.

Главниот приоритет на Бајден во оваа тридневна посета, која ќе го однесе низ островот, вклучувајќи го и северноирскиот главен град Белфаст, заедно со Даблин и домот на предците на неговото семејство Балина е „да се погрижи ирските договори и договорите од Виндзор да останат во сила.“

„Зачувајте го мирот, тоа е главната работа“, рече Бајден.  

Тој мир беше тестиран со гласањето на Британија за Брегзит во 2016 година за напуштање на Европската унија, земајќи ја Северна Ирска со себе и оставајќи го остатокот од островот во ЕУ.

Претставници на Белата куќа велат дека Бајден носи децении знаење на задачата.

“Претседателот Бајден длабоко се грижи за Северна Ирска и има долга историја на поддршка на мирот и просперитетот таму“, рече Џон Кирби, координатор за стратешки комуникации во Националниот совет за безбедност.

„Како американски сенатор, Џо Бајден беше застапник за тоа како Соединетите држави можат да играат конструктивна улога во поддршката на мирот“, додаде Кирби.

И аналитичарите велат дека постои двопартиска волја во САД да се види успехот на островот. Тие укажуваат на два начини на кои најбогатата нација во светот може да поттикне стабилност: со внимание и со пари.

Ситуацијата дегенерира по гласањето за Брегзит, а рамката Виндзор што ја опиша Бајден не доби поддршка од политичката партија на Северна Ирска која се залага за Обединетото Кралство. Партијата ја бојкотира владата повеќе од една година, заканувајќи се на деликатниот договор за поделба на власта, формиран по мировниот договор од 1998 година.

И лидерот на независна Република Ирска објасни што е во прашање.

„Сакаме да видиме обновени институциите на Договорот од Велики петок за да можат да обезбедат надеж за новата генерација“, рече ирскиот премиер Лео Варадкар, кога ја посети Белата куќа во март за да го прослави Денот на Свети Патрик со Бајден.

„И ние би сакале да видиме како луѓето од Северна Ирска имаат корист од богатите економски можности што им се достапни“, истакна Варадкар.

XS
SM
MD
LG