Линкови за пристапност

Сенатот го ратификуваше членството на Шведска и Финска во НАТО


Гласањето за НАТО е многу важен глас - за американската безбедност ширум светот: членството на Финска и Шведска уште повеќе ќе го зајакне НАТО - рече лидерот на мнозинството во Сенатот Чак Шумер, демократ од Њујорк.
Гласањето за НАТО е многу важен глас - за американската безбедност ширум светот: членството на Финска и Шведска уште повеќе ќе го зајакне НАТО - рече лидерот на мнозинството во Сенатот Чак Шумер, демократ од Њујорк.

Сенатот на САД го одобри влезот на Шведска и Финска во Северноатлантскaта Алијанса со гласови од 95 спрема 1, испраќајќи силна двопартиска порака за поддршка за проширување на НАТО и против противењето од Русија.

„Гласањето за НАТО е многу важен глас - за американската безбедност ширум светот: членството на Финска и Шведска уште повеќе ќе го зајакне НАТО и е уште поитно со оглед на руската агресија, на неморалната и неоправдана војна на Путин во Украина. Путин ја зајакнува НАТО алијансата“, рече лидерот на мнозинството во Сенатот Чак Шумер, демократ од Њујорк.

САД се една од 30-те земји-членки на НАТО кои ќе треба да го одобрат приемот на Шведска и Финска во повеќе од 70-годишната организација која ја гарантира европската безбедност од Втората светска војна.

Вообичаено долгиот процес за прием се одвиваше брзо во Сенатот на САД како дел од силниот одговор на руската неиспровоцирана инвазија на Украина на почетокот на оваа година.

Пред гласањето, претседателот на комисијата за надворешни работи на Сенатот, Боб Менендез, рече дека гласањето во Сенатот ќе испрати силна порака за руската агресија во Украина.

XS
SM
MD
LG