Линкови за пристапност

Банкарската ситуација се стабилизира, рече Јелен


Секретарката за финансии на САД рече дека постои јасна разлика помеѓу неодамнешните настани и финансискиот колапс во 2008 година, кој предизвика трилиони долари финансиски загуби на глобално ниво
Секретарката за финансии на САД рече дека постои јасна разлика помеѓу неодамнешните настани и финансискиот колапс во 2008 година, кој предизвика трилиони долари финансиски загуби на глобално ниво

Секретарката за финансии на САД Џенет Јелен прогнозираше смирена ситуација по неодамнешниот колапс на регионалната банка, но на собирот на банкари рече дека дополнителните аранжмани за спасување „може да бидат оправдани“ доколку какви било нови неуспеси во помалите институции ја загрозат финансиската стабилност.

Јелен, која ги даде своите забелешки во Американското здружение на банкари, рече дека генерално „ситуацијата се стабилизира“.

„И банкарскиот систем на САД останува здрав“, рече Јелен, повлекувајќи јасни разлики помеѓу неодамнешните настани и финансискиот колапс во 2008 година, кој предизвика трилиони долари финансиски загуби на глобално ниво.

„Ова е различно од 2008 година“, рече таа.

Забелешките на Јелен доаѓаат по серијата вознемирувачки банкарски случувања овој месец.

Извор: АП

XS
SM
MD
LG