Линкови за пристапност

Паднаа акциите на Волстрит


ЊУЈОРК (АП) - Акциите денеска повторно паднаа на Волстрит, поради проблемите со банките. С&П 500 беше 1,5% понизок во утринското тргување, додека пазарите во Европа бележат поголем пад, бидејќи акциите на швајцарскиот Кредит Суис паднаа на рекордно ниско ниво. Доу Џонс падна за 482 поени, или 1,5%, на 31.672, додека Насдаг композитот беше понизок за 1,2%.

Акциите на Кредит Суис во Швајцарија се намалија за повеќе од 22 отсто по извештаите дека нејзиниот главен акционер нема да вложи повеќе пари во својата инвестиција.

Акциите на американските банки повторно паднаа денеска, по кратката еднодневна пауза во вторникот.

Најтешките загуби беа фокусирани на помалите и средни банки, за кои се смета дека се изложени на поголем ризик откако клиентите се обидуваат да ги извлечат своите пари.

Поголемите банки не беа толку силно погодени, но сепак бележат пад. Џи Пи Морган Чејс се намали за 3,6%.

Голем дел од штетите се појавија по зголемувањата на каматните стапки на Федералните резерви (ФЕД) во последните децении. ФЕД ја повлече својата клучна стапка преку ноќ на опсег од 4,50% на 4,75%, од речиси нула на почетокот на минатата година, со надеж дека ќе ја намали високата инфлација.

Повисоките стапки можат да ја намалат инфлацијата со забавување на економијата, но тие го зголемуваат ризикот од рецесија која може да се случи подоцна. Тоа ќе влијае и на цените на акциите, обврзниците и другите инвестиции. Овој последен фактор беше едно од прашањата што и наштети на Силиконска долина банката.

Владата на САД доцна во неделата објави план за заштита на штедачите во Силиконска долина банката и Сигначр банката, кои регулаторите ги затворија во текот на викендот, со надеж дека ќе ја зајакнат довербата во банкарската индустрија.

Извор: Асошиетед Прес

XS
SM
MD
LG