Линкови за пристапност

Руски авион се судри со американски дрон над Црното Море


Портпаролот на Белата куќа за национална безбедност Џон Кирби изјави дека американскиот претседател Џо Бајден бил информиран за инцидентот од советникот за национална безбедност Џејк Саливан
Портпаролот на Белата куќа за национална безбедност Џон Кирби изјави дека американскиот претседател Џо Бајден бил информиран за инцидентот од советникот за национална безбедност Џејк Саливан

Руски борбен авион го погоди пропелерот на американско набљудувачко беспилотно летало над Црното Море, предизвикувајќи американските сили да го урнат дронот во меѓународните води, соопшти американската војска. Инцидентот ги истакна зголемените американско-руски тензии поради војната во Украина.

Портпаролот на Белата куќа за национална безбедност Џон Кирби изјави дека американскиот претседател Џо Бајден бил информиран за инцидентот од советникот за национална безбедност Џејк Саливан.

Европската команда на САД соопшти дека два руски борбени авиона Су-27 „спроведоа небезбедно и непрофесионално пресретнување“ на американско беспилотно летало MQ-9 кое дејствуваше во меѓународниот воздушен простор над Црното Море“.

Се вели дека еден од руските ловци „го погодил пропелерот на MQ-9, поради што американските сили морале да го урнат во меѓународните води“.

Пред тоа, Су-27 фрлаше гориво и леташе пред MQ-9 неколку пати пред да се случи судирот на „несовесен, нездрав за средината и непрофесионален“, се вели во соопштението на Европската команда на САД од Штутгарт, Германија.

„Овој инцидент покажува недостиг на компетентност покрај тоа што е небезбеден и непрофесионален“, се додава во изјавата.

За ова немаше итна реакција од Москва, која постојано изразува загриженост за летовите на американските разузнавачки служби во близина на полуостровот Крим, кој Русија незаконски го анектираше од Украина во 2014 година.

Извор: АП

XS
SM
MD
LG