Линкови за пристапност

Нови руски напади врз Украина, најмалку 5 загинати


Гувернерот на западната област Лавов изјави дека четири лица загинале таму кога проектил погодил станбена зона.
Гувернерот на западната област Лавов изјави дека четири лица загинале таму кога проектил погодил станбена зона.

Украинските власти известија за руски ракетни напади во четвртокот во повеќе делови на земјата, при што загинаа најмалку пет лица.

Украинската војска соопшти дека соборила 34 од 81 проектил што ги истрелала Русија и дека соборила четири беспилотни летала од Иран, користени од руските сили.

Гувернерот на западната област Лавов изјави дека четири лица загинале таму кога проектил погодил станбена зона.

Во Днепропетровск, официјални лица рекоа дека во руските напади загинало едно лице, а двајца се повредени.

Гувернерот на областа Одеса, Максим Марченко, рече дека руски проектили ја погодиле енергетската инфраструктура и дека има прекини во електричната енергија. Марченко, исто така, рече дека ударите оштетиле станбени згради, но дека нема информации за жртви.

Во Харков, регионалниот гувернер, Олех Синехубов, рече дека 15 руски напади го погодиле градот и околниот регион, со цели кои вклучиле критични инфраструктурни објекти.

XS
SM
MD
LG