Линкови за пристапност

Бранот ракетни напади што Русија го започна против Украина ќе се интезивира


„Колку и да се предавнички постапките на Русија, нашата држава и народ нема да бидат во синџири“, рече украинскиот претседател Володомир Зеленски во своето секојдневно обраќање.
„Колку и да се предавнички постапките на Русија, нашата држава и народ нема да бидат во синџири“, рече украинскиот претседател Володомир Зеленски во своето секојдневно обраќање.

По бранот ракетни напади што Русија го започна во четвртокот против Украина, британското Министерство за одбрана во петокот рече дека интервалот помеѓу таквите напади најверојатно ќе расте.

Министерството рече дека на Русија и треба време „да складира критична маса на ново - произведени ракети директно од индустријата пред да може да обезбеди удар доволно голем за веродостојно да ја совлада украинската противвоздушна одбрана“.

Русија во четвртокот започна со ракетни напади низ Украина, при што загинаа најмалку шест, а стотици илјади останаа без топлина и електрична енергија.

Тоа беше најголемиот таков напад врз Украина во последните три недели, при што украинските сили соопштија дека собориле 34 од 81 проектили што ги истрела Русија, многу помалку од вообичаениот сооднос, како и четири беспилотни летала од Иран.

„Колку и да се предавнички постапките на Русија, нашата држава и народ нема да бидат во синџири“, рече украинскиот претседател Володомир Зеленски во своето секојдневно обраќање.

Тој, исто така, рече дека се сретнал со членовите на украинскиот културен комитет за да разговараат за „начините за зајакнување на капацитетот на украинската култура да комуницира со светот за да се обезбеди поддршка за Украина“.

XS
SM
MD
LG