Линкови за пристапност

Меѓународен ден на жената со фокус на потребата за родова еднаквост


Меѓународниот ден на жената ја нагласува важноста од заштита на правата на жените и девојките во дигиталните простори за решавање на празнините во пристапот до виталната технологија.
Меѓународниот ден на жената ја нагласува важноста од заштита на правата на жените и девојките во дигиталните простори за решавање на празнините во пристапот до виталната технологија.

Денеска е Меѓународен ден на жената со тематски фокус на потребата за родова еднаквост.

Годишното одбележување, кое датира од 1911-та, и се бори за правата на жените, е ден кога луѓето насекаде ги слават достигнувањата на жените низ општеството.

Меѓународниот ден на жената ја нагласува важноста од заштита на правата на жените и девојките во дигиталните простори за решавање на празнините во пристапот до виталната технологија.

ОН велат дека во светот 259 милиони жени имаат помалку пристап до Интернет од мажите, и дека без пристап и можност да се чувствуваат безбедно на интернет, „тие не се во можност да ги развијат потребните дигитални вештини за да се вклучат во дигиталните простори“.

Во Вашингтон, за прв пат во Белата куќа се одржува церемонијата на доделување на наградите за меѓународни жени за нивната храброст.

Наградата, која е доделена на 180 жени од 80 земји од 2007 година, „оддава признание на жените од целиот свет кои покажаа исклучителна храброст, сила и лидерство во застапувањето за мир, правда, човекови права, родова еднаквост, често на голем личен ризик и жртва“, велат од Стејт департментот.

На овогодинешниот настан учествуваат 12 почестени личности, вклучително и награда за жените и девојките во Иран, кои ги предводеа протестите по смртта на Махса Амини.

Некои информации за овој извештај се од Ројтерс.

XS
SM
MD
LG