Линкови за пристапност

Љупчо Настоски, пекар од Охрид: Бараме поддршка, во спротивно многу луѓе ќе останат на улица


30 години е сопственик на пекара, но за прв пат се соочува со прекин на производство на леб
please wait

No media source currently available

0:00 0:05:37 0:00

30 години е сопственик на пекара, но за прв пат се соочува со прекин на производство на леб.

Глас на Америка: Настоски, втор ден не произведуате леб со тоа граѓаните останаа без леб, зошто се одлучивте на ваков чекор?

Љупчо Настоски: Навистина е нелогично да се произведува леб по оваа цена. Директно овде и јас сум засегнат. Произведувам леб од 1 кг и 200 грама и ми беше кажано дека и тој леб треба да го продавам по 33 денари. Влегуваме во чиста загуба и поради тоа се одлучивме, поради ништо друго.

Глас на Америка: За прв пат во вашето досегашно работење со години, се случува ваква ситуација?

Љупчо Настоски: За прв пат се случува ваква ситуација. И не беше неработењето само во Охрид, туку е на ниво на Македонија.

Глас на Америка: До кога ќе трае сето ова? До кога нема да произведувате леб?

Љупчо Настоски: Додека не се најде разумно решение, бидејки ние мора да извадиме плати за вработените и барем да ги покриеме трошоците. Нашиот леб е специјален не е индустриски, а во одлуката беше кажано двосмислено од министерот, кој кажа дека леб бел и полубел до 450 грама и додадено над, не смее да се продава повеќе од 33 денари. Додека имаше кажано под 450 грама да се намали процентуално под грамажата.

Глас на Америка: Зошто, сепак, не се одлучивте да ја намалите цената на 33 денари и покрај тоа што добивте субвенционирана струја?

Љупчо Настоски: Тие што добија субвенции од државата тие нека му ја мислат. Јас не можам тука ништо. Имав состанок со дел од пекарите од Охрид и Струга и кој зел субвенции треба да си произведува. Ние не зедовме субвенции, односно што субвенции да земам, кога произведувам леб на дрва и сум засегнат од поскапувањето на дрвата. Ова прашање има многу дискусии. Јас ќе бидам солидарен и ќе придонесам многу за народот во оваа тешка ситуација. Нека ни се дадат суровини, нека ни се дадат плати за вработените, нека нема остаток за мене никаков. Јас и на тоа би се сложил, бидејки е кризно време.

Глас на Америка: Со цена на лебот од 33 денари тешко ќе може да опстанете како компании?

Љупчо Настоски: Не тешко, туку во чиста загуба треба да работиме, а тука никој не не подржува. Реално да зборуваме пекарството е еден од занаетите кој изумира. Зборуваме за производството на нашиот домашен леб. Не може домашен и индустриски леб да биде исти, тоа да им биде јасно и на граѓаните и на сите, бидејки нашиот леб е специфичен и требаше тие на нашиот леб да му дадат слобода на пазарна економија. Што значи тоа. Јасен е законот. Вели дека можеш да произведуваш леб и сам да формираш цена, односно производствена цена, маржа. Кој на денешно време во ова тешко време би дозволил да работи во загуба. Немој да мислите дека и со претходната цена имавме големи добивки, како што се шират гласини.

Глас на Америка: Македонија плаќа најкап леб во регионот?

Љупчо Настоски: Во право можеби сте, но јас не се согласувам. Не е најскап лебот. Овде има манипулации. Леб може да продаваат од 300 грама и да го направат 25 денари, но нашиот леб кој е природен, кој не влегува во комора, стасува на собна температура и нема никакви адитиви, никакви неприродни средства, и да дојде било каков врвен стручњак за пекарство неможе да опстане.

XS
SM
MD
LG