Линкови за пристапност

Рафтовите и денес без леб по цена од 33 денари


Во повеќе градови низ државата бел леб се продава и по цена пониска од 33 денари но не и во Скопје. Пекарите остануваат на ставот нема производство и испорака.Нејасно е како Владата, од каде се уште нема реакција, донесе одлука без заштитни механизми поради кои граѓаните сега мора поскапо да плаќаат леб

СКОПЈЕ - Втор ден рафтовите за леб во скопските маркети останаа празни зад цената од 33 денари. Граѓаните уште во раните утрински часови се обидоа да купат бел леб за кој Владата соопшти дека ќе се продава по цена од 33 денари но безуспешни бидејќи од пекарската индустрија останаа на најавата, нема производство и испорака. Од Владата веќе втор ден без било каква информација за новонастанатата ситуација.

„Го купив овој леб а 46 денари. Ова нема смисла. Не знам кој е виновен но вака не може и не смее. Имам роднини во Штип, ми кажаа дека кај нив има бел леб и за 30 денари. Кој ќе ме заштити мене, каде да се пожалам дека плаќам повеќе“, вели скопјанецот Лазар кој го зтекнавме пред еден од ланците големи маркети.

А во повеќе градови низ државата бел леб може да се најде и по цена пониска од 30 денари за разлика од Скопје каде пекарите упорно одбиваат да го произведуваат овој тип на леб и полубелиот леб, кои се опфатени со мерката за замрзнување на цената, и кои се најпродавани во државата .

Во изјава за Македонската информативна агенција (МИА), претставници од пекарската индустрија посочуваат дека замрзнувањето на цената на лебот се коси со уставното право за слобода на пазарот и велат оти се подготвени за разговор со надлежните институции, но само доколку добијат официјална покана, а не повик или апел упатен од прес-конференција.

„Се чека Владата да одлучи позитивно во однос на барањата на пекарите. Замрзнувањето на цената се коси со уставното право за слобода на пазарот. Очекуваме поддршка и од другите индустрии, од сите, зашто ако ова ѝ се случува на пекарската индустрија, може да им се случи и на нив“, изјави претставник од мелничко-пекарската индустрија, за МИА.

Останува нејасно како Владата ја донесе мерката за замрзнување на цената на два типа на леб, без заштитни механизми кои ќе овозможат непречено производство и дистрибуција во маркетите. Во Србија, Владата на 9 февруари донесе одлука со која се замрзнува цената на лебот „Сава“ на 58 динари (29 денари) но со обврска за пекарите 30 отсто од вкушпното производство да биде токму од овој тип на леб кој е напродаван во соседната држава.

За експертите вината е и кај владата но и кај продизводителите за кои сметаат дека се „премногу разгалени“.

„Одлуката за замрзнување е задоцнета и не е спроведена на добар начин. Владата одлучи да експериментира со политика на замрзнување на маржи. Потоа им попушташе на фирмите, им даваше пониски даноци и царини, потоа пониски цени на струја. Практично се што им побараа им дадоа и ги разгалија. Сега фирмите всушност се бунат бидејќи Владата им го ускрати она што им го даваше цела година. Оваа одлука треба да се однесува на сите основни прехранбени производи како во ноември 2021 година. Втората грешка е што во одлуката нема предвидено ниакава мерка за оние компании кои нема да ја почитуваат одлуката. Во Владата има голем аматеризам но главната вина не е кај нив. Главата вина е кај фирмите. Пекарите нехумано и нечовечки решија да престанат со производство затоа што малку ќе им се намалат добивките. Јас не сакам да ја бранам Владата но јасно е дека пекарите со оваа цена од 33 денари не одат во загуба туку им се намалува добивката и сега држат цел народ во заложништво“, изјави Бранимир Јовановиќ, еконосмки експерт и поранешен советник во кабинетот на министерот Тевдовски.

Конкуренција на пазарот е клуч во решавање ан проблемот но и во превенција на вакви ситуација, смета економскиот аналитичар Абил Бауш.

„Не се согласувам дека треба да бараме одговорност од економските оператори.Одговорноста е од тој што превзема мерки. Точно е дека сите вланими мерки од пандемијата па досега се канализирани и немаат импакт за граѓаните. Затоа се носат сет мерки. Така беше со интеревентниот увоз на масло. Тоа треба да се направи и со увозот на брашно, не смее да се увезува со бандероли. Требаше да се остави пазарот сам да функционира. Еве во Косово и Србија е пониска цената. Нека се направи конкуренција или да направиме како во Турција каде се отворија државни фурни каде цената е многу пониска од цената на производителте. Тоа се две мерки едната е вистински слободна за пазарот а другата е лево ориентирана“, вели аналитичарот Абил Бауш.

Од Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) од каде информираа дека не се надлежни за тоа дали се произведува и доставува леб туку дали се почитува одлуката за цена од 33 денари соопштија дека се напревни 400 контроли и одлуката се почитува.

„Државниот пазарен инспекторат по основ на Одлуката на Влада за замрзнување на цената на лебот од 450 гр на 33 денари, вчера и денес изврши надзори и контроли во над 400 економски субјекти на ниво на цела територија на Република Северна Македонија. До сега од контролите е утврдено дека генерално се доставува леб кој е опфатен со Одлуката, а се почитува и замрзнатата цена од 33 денари, односно цената утврдена во согласност со грамажата за помалку од 450 грама. Цената на лебот во зависнот од грамажата и во зависност од различни градови каде се продава изнесува од 25 до 33 денари“, стои во соопштението на ДПИ.

Владата ја замрзна цената на белиот и полубелиот леб со тежина над 450 грама на 33 денари. Одлуката ја образложија со фактот дека поевтинување на цените на леб нема и покрај мерките кои се на сила и дека дури 60 отсто од производителите кои користеле субвенциониурана струја ги задржале истите цени. Владата исто така одлучли и да ја укине субвенционираната струја по цена од 80 евра за компаниите од прехранбената индустрија а одлуката ќе стапи на сила од 1 април.

Претставниците на пекарската индустрија соопштија дека ќе претрпат големи загуби со замрзната цена и дополнително со укинувањето на субвенционираната струја и соопштија дека сеуште трошат залихи кои биле набавени по многу повисоки цени и се соочувале со одлив на работа сила и морале да ги зголемат платите.

XS
SM
MD
LG