Португалскиот карневал сличен на Вевчанскиот
Една од најпопуларните карневалски паради во Португалија се врати две години по паузата од пандемијата. Карневалот Торес Ведрас е познат по својата парада на традиционални сатирични ликови, како и по своите „матрафони“, каде мажите се облекуваат како жени во шарени облеки. Според организаторите, традициите датираат од 19 век, каде што луѓето вообичаено славеле пред постите. И додека порано само мажи учествувале на карневалот, сега нема возраст и граници.