Во ексклузивно интервју за Гласот на Америка, координаторот на Советот за национална безбедност за стратешки комуникации, Џон Кирби, се осврнува за кинеското негирање за употребата на сила од балон, при што, Пекинг и натаму ги обвинува САД за соборувањето на балонот.
Кирби рече дека САД имаат информации дека кинеските балони прелетале преку 40 до 50 други земји, и САД во моментов се во контакт со тие земји. Тој рече дека продолжуваат напорите за вадење на остатоците од балонот од дното до брегот на Јужна Каролина, и се надева тоа ќе донесе повеќе информации за материјалот и функцијата на балонот.
„Нема сомнение дека тоа беше еклатантно нарушување на нашиот суверен воздушен простор“, рече Кирби. Тој додаде дека претседателот Бајден дејствуваше за да ги заштити чувствителни воени локации и исто така дејствуваше на начин да го заштити американскиот народ на терен.
Запрашан за коментар дека Групата Вегман тврди дека престанала да регрутира руски осуденици за војната во Украина?, Кирби не сакаше да коментира за нивниот статус на регрутирање.
„Поголемата поента е што Путин, откако не успеа да постигне какви било стратешки цели во Украина, тој оди во Иран да купи дронови. Бара од Северна Кореја за купи артилериски гранати, а сега користи приватен воен оператор кој регрутира и спроведува воени операции на бојното поле. Мислам дека тоа кажува многу за тоа колку Путин сфаќа дека неговата војска не успеала да ги постигне целите што ги поставил во оваа брутална војна“, изјави вишиот официјален американски претставник во Белата куќа.
Глас на Америка: Москва објави дека кинескиот претседател Кси Џинпинг ќе ја посети Русија на годишнината од инвазијата, но Кина сè уште не го потврди тоа?
Кирби: „Не знам кои се мотивите на Русија, но оваа земја има проблеми со снабдување со микро електроника за крстаречки ракети. Бара оружје од Северна Кореја и сака да купи муниција, а се потпира на приватни воени изведувачи. Путин е човек кој нема многу пријатели на светот“, вели Кирби.
Голем дел од светот беше јасен за изборот кога 143 земји гласаа во Советот за безбедност на ОН и ја осудија руската анексија на територија во Украина. Ние, би сакале да ја видиме Кина да се приклучи на остатокот од светот.Џон Кирби
Според него, „голем дел од остатокот од светот беше јасен за изборот кога 143 земји гласаа во Советот за безбедност на ОН и ја осудија руската анексија на територија во Украина. Ние, би сакале да ја видиме Кина да се приклучи на остатокот од светот, изјави тој.
Нашата порака до сите е, рече Кирби, „престанете да купувате руска нафта по пониски цени, изразете јавна осудува за она што Путин му прави на украинскиот народ, што е апсолутно неправедно“.
Запрашан, дали по инцидентот со балонот, односите меѓу САД и Кина се кревки и разнишани? Кирби упати на обраќањето од претседателот Бајден за состојбата во нацијата дека „САД сакаат да ги задржат линиите на комуникација, особено во вакво време“.
Кога работите се навистина напнати, сакате тие линиите да бидат отворени, вели Кирби. „Ние навистина бараме стратешки натпревар, натпревар за кој претседателот верува дека САД се добро подготвени да бидат на врвот, и да бидат во состојба да се вратат некои од овие дискусии, без разлика дали се работи за воените канали кои претседателот Кси ги затвора или прашањата за климатските промени кои Пекинг, најмногу ги блокира“.
„Сега не е соодветно време државниот секретар Блинкен да оди во Пекинг, со оглед на тоа што Кинезите одлучија да направат во однос на балонот“, рече Кирби.
„Целиот свет очекува две земји да менаџираат со овие консеквентни, билатерални односи на одговорен, искрен, внимателен начин. Кон тоа не помага екстремно нарушување на нашиот воздушен простор“, заклучи во ексклузивно интервју за Гласот на Америка, координаторот на Советот за национална безбедност за стратешки комуникации, Џон Кирби.