Линкови за пристапност

Кинескиот балон имал можност да шпионира комуникации, велат САД


Балонот бил дел од огромна програма за воздушна шпионажа поврзана со војската која таргетирала повеќе од 40 земји, рече денес американската администрација
Балонот бил дел од огромна програма за воздушна шпионажа поврзана со војската која таргетирала повеќе од 40 земји, рече денес американската администрација

Кинескиот балон што леташе над САД бил опремен да собира разузнавачки сигнали и бил дел од огромна програма за воздушна шпионажа поврзана со војската која таргетирала повеќе од 40 земји, рече денес администрацијата на Бајден, наведувајќи го опсегот и способностите на огромниот балон што предизвика вниманието пред САД да го урант.

Народноослободителната армија ги користела овие балони специјално за шпионирање, опремени со висока технологија дизајнирана да собира чувствителни информации низ целиот свет, соопштија САД.

Според администрацијата, слични балони лебделе на пет континенти.

Во Пекинг, пред САД да понудат нови информации, портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи го повтори инсистирањето на нејзината држава дека големиот беспилотен балон е цивилен метеоролошки воздушен балон што излетал од курсот и дека САД „претерано реагирале“ соборувајќи го.

„Тоа е неодговорно.Последните обвинувања можеби се дел од информациската војна на американската страна против Кина“, рече таа.

Кинескиот министер за одбрана одби да го прифати телефонскиот повик од секретарот за одбрана Лојд Остин за да разговара за прашањето за балонот во саботата, соопшти Пентагон.

Кина не одговори на прашањата за тоа на кој владин оддел или компанија му припаѓа балонот, ниту како планира да се надоврзе на ветувањето за преземање понатамошни дејствија за ова прашање.

САД претходно соопштија дека кинеските шпионски балони биле забележани на најмалку пет континенти во последните неколку години и оти Вашингтон е во контакт со своите сојузници за да сподели информации за операциите.

„Веќе споделивме информации со десетици земји ширум светот, и од Вашингтон и преку нашите амбасади. И ние го правиме тоа затоа што САД не беа единствената цел што се однесува до оваа програма, која го наруши суверенитетот на земјите на пет континенти“, рече американскиот државен секретар Ентони Блинкен за време на прес-конференција со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во Стејт департментот.

„Кој е одговорен за тоа - Кина. И не е важно, кои поединци можеби биле или не биле одговорни“, рече Блинкен на прашањето дали мисли дека кинескиот претседател Шји Џјинпинг бил свесен за операциите со шпионски балон.

Највисокиот американски дипломат рече дека Вашингтон дознава повеќе информации од напорите за обновување на балонот.

Извор: АП

XS
SM
MD
LG