Линкови за пристапност

Нема да влезат во државата оние што ги негираат македонски народ и држава, рече Ковачевски


МВР уверува дека полицијата ќе ги преземе сите мерки утрешното чествување на раѓањето на Гоце Делчев да помне во најдобар ред
МВР уверува дека полицијата ќе ги преземе сите мерки утрешното чествување на раѓањето на Гоце Делчев да помне во најдобар ред

Полициски единици веќе неколку дена се распоредени на терен, а и улицата која води до црквата Свети Спас е затворена за сообраќај. Ваква е атмосферата во пресрет на утрешното чествување на раѓањето на Гоце Делчев, ден кој државните органи го сметаат за настан од висок безбедносен ризик.

Целиот владин врв повикува на смиреност околу настанот за кој бугарски националисти и радикални структури, кои го негираат постоењето на македонскиот народ и јазик, најавија дека ќе дојдат во Скопје. Премиерот денеска ги предупреди дека нема да им биде дозволен влез во земјава.

„Сите оние кое не се добронамерни, кои се провокатори, кои го негираат македонски народ и држава, тие нема да влезат во државава. Сакам да апелирам дека сите треба да бидеме обединети, горди и заедно да покажеме почит на великанот на македонската револуционерна борба“, рече премиерот Димитар Ковачевси.

МВР уверува дека полицијата ќе ги преземе сите мерки за одбележувањето да помне во најдобар ред.

Полицијата на готовс пред роденденот на Гоце Делчев
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:42 0:00

„Мораме да ја деескалираме состојбата што неодговорните политичари, групи и поединци сакаат да ја влошат. Нема да дозволиме никаква ескалација, инцидент или понижување на македонскиот народ и држава од никого. Тука се институциите на системот коишто функционираат и коишто мораат да ги обезбедат сите очекувања кои ги имаме“, се вели во апелот на министерот за внатрешни работи.

Интерес на сите е да нема инциденти, вели шефот на дипломатијата Бујар Османи.

„Да не дозволиме провокатори и киднапери да ни ја киднапираат европската иднина или да го влошат имиџот што го изградивме како држава. Ова е во интерес на сите граѓани и на заедничкиот напредок.“

На чествувањето, покрај државно-владиниот врв, ќе оди и делегација на опозицијата.

„ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува на утрешната манифестација и повикуваме на достоинствено и мирно чествување“, рече Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонскиот полициски синдикат побара од своето членство „да не се става во функција на политички партии и други групации заради вршење на кривични дела и прекршоци“.

На смирување на тензиите меѓу Скопје и Софија, кои ескалираа во изминатиот период, повика и клубот за бугарско-македонско пријателство кој очекува двете земји да не дозволат инцидентите и провокациите да ги оддалечат меѓусебните односи од политичките рамки зададени со Договорот за добрососедство и со „францускиот предлог“.

XS
SM
MD
LG