Линкови за пристапност

Нема да има инциденти за чествувањето на Гоце Делчев, уверуваат Спасовски и Демерџиев


Без прецизен одговор кои и какви мерки превземаат полициите во двете држави но и она што е клучно, дали ќе им биде дозволен влез на организираните групи од Бугарија кои ќе ги предводат европратеникот Ангел Џамбаски и пратеникот Костан Костадинов за кои претседателот Пендаровски побара да им се изрече забрана за влез во државата




СКОПЈЕ – Чествувањето на Гоце Делчев ќе мине мирно и достоинствено, ветија Спасовски и неговиот колега Демерџиев по нивната средба кој денеска се одржа во Скопје. Сепак и по средбата нема одговор дали во сабота во црквата „Свети Спас“ ќе присуствуваат пратеникот во Европскито парламент Ангел Џамбаски и неговиот истомисленик претседател на партијата „Преродба“, Костадин Костадинов или ќе им биде изречена забрана за влез во Македонија.

Спасовски е дециден дека македонското МВР ги превзема сите мерки и нема да се дозволи никаков инцидент.

„Чествувањето е во услови на зголемени тензии и различни најави за нарушување на јавниот ред и мир. Сакаме да упатиме јасна порака дека нема да биде дозволен никаков инцидент. Македонската полиција ги превзема сите неиопходни мерки и активности и апсулотно нема да дозволи инцидент односно ќе обезбеди чествување како што доликува на нашиот великан Гоце Делчев“, изјави Оливер Спасовски.

На иста линија е и шефот на бугарската полиција Демерџиев кој е дециден дека нема да дозволи „да се пали оган таму каде што нема“.

„ Ги превземав сите мерки луѓето кои доаѓаат од Бугарија на чествувањето нема да дозволам да предизвикуваат немири или да провоцираат. Се согласивме дека ние сме должни да обезбедиме достоинствено чествување и нема да дозволиме некои луѓе да палата оган таму каде што нема. Целта е да се одаде почит на една видна личност како што е Гоце Делчев а не тоа да стане место каде што ќе се искужауваат радикални и псеудонацилани пораки“, рече Демерџиев, технички министер за внатрешни работи на Р.Бугарија

За случајот Пендиков, министерот Спасовски кажа дека истрагата трае и можно е да се прошири и на други лица, додека неговиот колега соопшти дека ги доставил доказите за заканите испратени на социјалните мрежи кон Пендиков додека тој е на лекување во Софија и додаде дека очекува и тие да бидат адресирани од македонската полиција.

На заедничката прес конференција Спасов и Демерџиев не кажаа дали се разговарало за информациите кои ги имаат македонските власти а кои покажуваат дека руската разузнавачка служба стои зад структури во Бугарија во кои членуваат и македонскии и бугарски државјани а чија единствена цел е нарушување на односите меѓу двете држави и предизвикување на инциденти и внатрешни немири.

За премиерот Ковачевскипак , претстојните избори во Бугарија се причина за заладените односи и тензиите меѓу двете држави.

„Северна Македонија им гарантира и им овозможува на сите народи и сите граѓани кои живеат на овој простор и кои ја сметаат земјава за дом, непречено да си ги остварат своите права. И тоа сме го покажале и докажале на дело многупати досега. Ние сме горди на нашето мултикултурно општество, горди сме што сме Европа во мало. Така било, така е, така и ќе биде. Друго прашање е тоа што таму се подготвуваат за нови парламентарни избори и што како и секаде, и таму постојат поединци кои преку националистичка и популистичка реторика се обидуваат да добијат видливост и гласност“, рече премиерот Ковачевски.

Клучното прашање кое ја тангира домашната но и јавноиста во Бугарија,и по средбата на двајцата министри останува отворено, дали официјална Софија ќе дозволи групите организирани од Џамбаски, Костадинов и слични струи од Софија и други градови во сабота да тргнат кон Северна Македонија и дали ќе им биде дозволено да ја минат границата и влез во нашата држава. По ова прашање техничкиот министер за надворешни работи во Бугарија, Милков, кажа дека би било преседан доколку биде забранет влез.

Минатата недела, по состанокот на Советот за безбедност, претседателот Стево Пендаровски и препорача на Владата да се забрани влез во државата на двајцата политичари и неколку други лица, но од Владата засега нема одговор дали и што е одлучено во однос на препораката.

XS
SM
MD
LG