Линкови за пристапност

Украина бара тенкови од западните сојузници


Целта е да им се даде на украинските трупи подобри способности за гаѓање и маневрирање
Целта е да им се даде на украинските трупи подобри способности за гаѓање и маневрирање

Украина апелира до нејзините западни сојузници да испратат тенкови за да им помогнат на украинските сили да се борат против руската војска за која рече дека има „значителна квантитативна предност во војници, оружје и воена опрема“.

Во заедничката изјава, министерот за надворешни работи Дмитро Кулеба и министерот за одбрана Олексиј Резников изразија благодарност до 50 земји кои помогнаа да се зајакне одбраната на Украина.

Сепак, тие рекоа дека една од најитните потреби во борбата против руската инвазија која започна пред речиси една година е да се обезбеди Украина со модерни оклопни возила и да им се даде на украинските трупи подобри способности за гаѓање и маневрирање со западните тенкови.

Кулеба и Резников го поздравија потегот на Велика Британија да ги испрати своите тенкови Челинџер 2 во Украина, а истовремено ги повикаа земјите што ги имаат германските тенкови Леопард 2 да ги обезбедат за подобра помош на украинските сили.

Дел од информациите во текстот се преземени од АП, Ројтерс и Франс-прес

XS
SM
MD
LG