Линкови за пристапност

Шоле: Северна Македонија се бори со корупцијата; правиме се што можеме да помогнеме


Имаме нов виш координатор за анти-корупциски активности со седиште во Стејт департментот, и ќе работи на глобална основа за да им помогне на земјите кои се борат против корупцијата, изјави Шоле.
Имаме нов виш координатор за анти-корупциски активности со седиште во Стејт департментот, и ќе работи на глобална основа за да им помогне на земјите кои се борат против корупцијата, изјави Шоле.

„Гледаме огромен потенцијал на Западен Балкан, севкупно економски, во однос на демографијата, но нашата фрустрација е што има премногу работи што стојат на патот на тој потенцијал, а корупцијата е едно од тие прашања“, изјави советникот на Стејт департментот Дерек Шоле во интервјуто за српската редакција на Гласот на Америка.

Борбата против корупцијата е приоритет за САД, вели Шоле.
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:18 0:00

Според него, многу млади луѓе од Западен Балкан заминуваат во други земји, бидејќи не гледаат светла иднина со оглед на некои од предизвиците со кои се соочуваат земјите во регионот поради корупцијата.

„Северна Македонија е една од оние земји кои се борат со корупцијата, а ние правиме се што можеме за да помогнеме. Испративме тим неодамна во Северна Македонија да разговараме за овие прашања. Борбата против корупцијата е приоритет за државниот секретар Блинкен“, појасни Шоле.

„Имаме нов виш координатор за анти-корупциски активности со седиште во Стејт департментот, и ќе работи на глобална основа за да им помогне на земјите да се обидат да се борат против корупцијата и да преземат мерки за да се осигурат дека нивните економии можат да работат отворено. Веруваме дека тоа е важно бидејќи ќе привлече економски инвестиции и ќе создаде добра здрава работна сила. Тоа е наш приоритет“, изјави вишиот претставник од Стејт департментот.

Шоле следната недела ќе ги посети Северна Македонија, Србија и Косово.

Советникот на Стејт департментот осврнувајќи се на последната криза меѓу Србија и Косово, оцени дека „САД ја гледаат кампањата за повлекување на признавањето на независноста на Косово како одвлекување на вниманието - што не е во духот на изнаоѓање решение“.

Во интервјуто за српската редакција на Гласот на Америка посочи дека такво нешто не е во согласност со предлогот на Европската унија за дијалог меѓу двете страни. „Тоа не нè приближува до остварување на евроатлантските аспирации на двете земји, што нивните лидери велат дека сакаат да го направат. Сакаме да се фокусираме на тоа, а не на ова одвлекување“, рече американскиот функционер.

Претходно, српскиот претседател Александар Вучиќ на годишната конференција за медиуми одржана во средата изјави дека девет земји го повлекле признавањето на Косово.

Според неговите тврдења, Косово во моментов е признаено од 84 светски земји, а 106 земји не го признаваат. Во договорот од Вашингтон потпишан во 2020 година, со посредство на Белата куќа, Србија се согласи да не води кампања за повлекување на признавањето на независноста на Косово во период од една година, додека Косово, од друга страна, се согласи да не бара членство во меѓународните организации.

XS
SM
MD
LG