Линкови за пристапност

Разговарав со Пендаровски и Ковачевски за заземање цврст став за корупцијата, рече Шоле


Советникот на Стејт департментот денес требаше да го посети Скопје, но го одложи патувањето поради позитивен тест на ковид-19
Советникот на Стејт департментот денес требаше да го посети Скопје, но го одложи патувањето поради позитивен тест на ковид-19

Советникот на Стејт департментот Дерек Шоле рече дека разговарал со претседателот Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски за заземање цврст став за корупцијата.

„Одлична можност да разговараме со претседателот Пендаровски за нашето силно партнерство во НАТО, претстојното лидерство на Северна Македонија со ОБСЕ, напредокот во пристапот во ЕУ, заземање цврст став за корупцијата и соработка да се донесе дополнителна стабилност и можност за Западен Балкан“, напиша Шоле на неговиот Твитер профил.

Шоле напиша дека со Ковачевски имал продуктивен разговор за „енергијата, борбата против корупцијата, и други клучни прашања. Му се заблагодарив за важниот придонес на Северна Македонија во НАТО и правењето тешки избори потребни да се остане на патот кон евроатлантската интеграција“.

И Ковачевски и Пендаровски објавија дека со советникот на Стејт департментот телефонски разговарале за стратешкото партнерство меѓу двете држави, со фокус на евроинтеграциите, справувањето со енергетската криза, борбата против организираниот криминал и корупција, унпаредувањето на владеењето на правото, како и за ситуацијата во регионот.

Шоле денес требаше да го посети Скопје лично да разговара со владините лидери за овие прашања, но ја одложи посетата поради позитивен тест на ковид-19.

„Жалам што ќе треба да го одложам моето патување на Балканот и во Брисел поради позитивен ковид тест. Ќе останам ангажиран за сите овие прашања во балканскиот регион и со нетрпение очекувам да го направам ова патување на почетокот на следната година“, објави Шоле на Твитер.

Покрај во Скопје, тој требаше да оди и во Косово, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска и Белгија, со меѓуагенциска делегација од 11 до 17 декември.

Целта на посетата, како што соопшти Стејт департментот, беше да се нагласи трајната посветеност на САД за мирот, стабилноста и просперитетот на регионот.

XS
SM
MD
LG