Советникот на Стејт департментот Дерек Шоле ќе ја посети Македонија на 14 декември за да разговара со владините лидери за низа прашања, вклучително и за енергетиката, економијата и борбата против корупцијата, соопшти Стејт департментот.
Покрај во Скопје, тој ќе оди и во Косово, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска и Белгија со меѓуагенциска делегација од 11 до 17 декември.
„Оваа посета ја нагласува трајната посветеност на САД за мирот, стабилноста и просперитетот на регионот“, соопшти Стејт департментот.
Оттаму велат дека Шоле ќе биде во Брисел на 16 до 17 декември со цел да разговара за соработката со европските партнери и сојузници за низа глобални прашања, вклучително и за континуирана поддршка за Украина, пристапот во ЕУ и европската интеграција на земјите од Западен Балкан, како и за енергетската безбедност и дијалогот меѓу Косово и Србија.