Линкови за пристапност

Путин беше убеден дека ова ќе биде кратка војна, вели поранешниот генерал Џејмс Џонс


Членките на НАТО мора да се погрижат да има план што може да ѝ помогне на Украина да се обнови, рече тој во интервју за Гласот на Америка
Членките на НАТО мора да се погрижат да има план што може да ѝ помогне на Украина да се обнови, рече тој во интервју за Гласот на Америка

Пензионираниот генерал Џејмс Џонс, поранешен командант на американската европска команда и врховен командант на сојузничките сили, во интервју за Гласот на Америка, изјави дека два воени резултата од изминатите 10 месеци војна во Украина се колку добро обучени се украинските сили и колку е слаб перформансот на руските сили.

„Сосема сум сигурен дека г-дин Путин беше убеден дека ова ќе биде многу кратка војна. Мислам дека беше убеден дека НАТО ќе биде донекаде импотентен да реагира на тоа“, рече Џонс, советник за национална безбедност на поранешниот претседател Барак Обама.

„Способноста да се обучи и опреми украинската армија беше бавна на почетокот, но сега постигна одредена каденца што е многу поохрабрувачка“.

„Мислам дека војската на Путин веројатно му кажа што сакаше да го слушне, тоа што го прават војниците кога имаат работа со диктатори“, рече тој.

Што се однесува до тоа што би можело да се случи во 2023 година, тој рече дека тоа останува да се види.

„Се надевам дека работите ќе дојдат до заклучок“.

Џонс рече дека најважното нешто за НАТО и САД во моментов е брзото задоволување на потребите на украинските сили. Подоцна, додаде тој, членките на Алијансата мора „да се погрижат да имаме план што може да ѝ помогне на Украина да се обнови“.

„Мислам дека Украина е предодредена да биде на предната страна на одбраната на Европа долго време, во зависност од тоа што се случува во Русија, се разбира“, рече Џонс.

XS
SM
MD
LG