Линкови за пристапност

Русија истрелала 33 проектили врз цивили во Херсон, вели Украина


Русија негираше дека цели на цивили во Украина
Русија негираше дека цели на цивили во Украина

Украина соопшти дека руските напади денес вклучуваат проектили истрелани врз цивилни цели во јужниот град Херсон.

Генералштабот на вооружените сили на Украина објави дека биле истрелани 33 проектили кон Херсон, кои Украина ги вратила откако руските сили се повлекле минатиот месец.

Русија негираше дека цели на цивили во Украина.

Украинската војска, исто така, извести за борби денес околу градот Бахмут и други делови од источниот регион Донбас.

Рускиот претседател Владимир Путин, пак, објави дека земјата ќе забрани каков било извоз на нафта во земјите кои се согласиле на ограничувањето на цената на нафтата наметнато од западните земји, кое стапи на сила претходно овој месец.

Според претседателскиот декрет објавен на владиниот портал и на веб-страницата на Кремљ, „Снабдувањето со руска нафта и нафтени деривати на странски правни и физички лица е забрането доколку договорите за овие испораки директно или индиректно користат ограничување на цената“.

Дел од информациите во текстот се преземени од АП, Ројтерс и Франс-прес

XS
SM
MD
LG