Линкови за пристапност

Ако Украина не ги исполни барањата на Русија, тоа ќе го направи руската војска, рече Лавров


Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија може да ја запре војната во секое време со повлекување на своите војници и враќање на суверенитетот, слободата и територијалниот интегритет на Украина
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија може да ја запре војната во секое време со повлекување на своите војници и враќање на суверенитетот, слободата и територијалниот интегритет на Украина

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави за државната телевизија дека е до украинската влада да одреди колку долго ќе траат борбите во Украина.

Русија го започна конфликтот со инвазија на својот сосед пред 10 месеци, а новинската агенција Тас го цитираше Лавров дека Украина „може да го запре бесмислениот отпор во секој момент“.

Лавров рече дека Украина ги знае руските предлози за „демилитаризација и денацификација“ на украинската територија и елиминирање на заканите за Русија од Украина, вклучително и четири области за кои Русија тврди дека ги анектира. Меѓународната заедница остро ги отфрли тие тврдења за анексија во кои се вклучени Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје.

Лавров додаде дека доколку Украина не ги исполни барањата на Русија, „за прашањето ќе одлучува руската армија“.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија може да ја запре војната што ја започна во секое време со повлекување на своите војници и враќање на суверенитетот, слободата и територијалниот интегритет на Украина.

„Ниту целосна мобилизација, ниту панична потрага по муниција, ниту тајни договори со Иран, ниту заканите на Лавров нема да помогнат“, напиша денес помошникот на Зеленски Михаило Подољак на Твитер. „Русија треба да се соочи со реалноста. Украина ќе ја демилитаризира РФ до крај, ќе ги истера напаѓачите од сите окупирани територии“.

Во своето ноќно видеообраќање во понеделникот, Зеленски се осврна на тешката ситуација на фронтот во Бахмут и други области во регионот на Донбас, за кои, како што рече, „потребна е максимална сила и концентрација“.

Тој рече дека Русите ги користат сите ресурси што им се достапни за да направат барем одреден напредок.

Зеленски им се заблагодари на украинските сили кои „цврсто ги држат своите позиции, стојат цврсти и кои сепак наоѓаат можности не само да не изгубат ништо, туку и да ги избркаат окупаторите“.

Дел од инфромациите се преземени од Ројтерс, Асошиетед прес и Франс-прес

XS
SM
MD
LG