Линкови за пристапност

Сенатот постигна договор за предлог-законот од 1,7 трилиони долари за финансирање на владата


Лидерот на мнозинството Чак Шумер објави дека Сенатот се согласил да разгледа околу 15 амандмани пред да гласа за конечното усвојување на пакетот.
Лидерот на мнозинството Чак Шумер објави дека Сенатот се согласил да разгледа околу 15 амандмани пред да гласа за конечното усвојување на пакетот.

Сенатот се состана повторно во четвртокот да ги испегла разликите околу предлог-законот од 1,7 трилиони долари за финансирање на федералните агенции до септември и да обезбеди околу 45 милијарди долари воена и економска помош за Украина, откако сенаторите, постигнаа договор околу конечната серија гласања.

Лидерот на мнозинството Чак Шумер објави дека Сенатот се согласил да разгледа околу 15 амандмани пред да гласа за конечното усвојување на пакетот. Повеќето од амандманите ќе бидат предмет на усвојување со минимум од 60 гласа, што генерално ќе има несогласувањата поради рамномерно поделениот Сенат од 100 членови.

„Поминавме одредено време за консултации, но вредеше“, рече Шумер објавувајќи ја серијата гласови, кои беа потребни за да се инсистира на забрзано гласање за да стигне законот до масата на претседателот Џо Бајден за негов потпис, пред да започне делумното затворање на владата во петок на полноќ.

Претставничкиот дом ќе го преземе предлог-законот откако Сенатот ќе ја заврши својата работа.

Масивниот буџет вклучува околу 772,5 милијарди долари за неодбранбени, дискрециони програми и 858 милијарди долари за одбрана, а ѝ ќе ги финансира владините Агенциите до септември.

Многумина, исто така, сакаат да го финализираат владиното финансирање пред новиот состав на Претставничкиот дом под контрола на републиканците од следната година да го отежне наоѓањето компромис за трошоците и задолжувањата.

Сенаторите синоќа од украинскиот претседател Володимир Зеленски се уверија за важноста на американската помош за неговата земја за војната со Русија.

XS
SM
MD
LG