Линкови за пристапност

САД ќе обезбедат уште 1,85 милијарди долари воена помош за Украина, рече Бајден


Зеленски, на заедничката прес-конференција, рече дека нема да има „никакви компромиси“ во обидот да се стави крај на војната
Зеленски, на заедничката прес-конференција, рече дека нема да има „никакви компромиси“ во обидот да се стави крај на војната

САД и Украина ќе продолжат да проектираат „обединета одбрана“ додека Русија врши брутален напад врз правото на Украина да постои како нација, рече претседателот на САД Џо Бајден на средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Белата куќа.

Зеленски им се заблагодари на американските лидери и на „обичните Американци“ за нивната поддршка во борбата против руската инвазија и вети дека нема да има „никакви компромиси“ во обидот да се стави крај на војната.

Претседателот Џо Бајден најави милијарди долари нова помош и ветување дека САД ќе ѝ помогнат на Украина да постигне „праведен мир“.

Одделот за одбрана објави дополнителна безбедносна помош од 1,85 милијарди долари за Украина, која вклучува батерија и муниција за противвоздушна одбрана Патриот, дополнителна муниција за ракетни системи за артилерија со висока подвижност, проектили, артилерија и други муниција.

Патувањето доаѓа кога американските законодавци дебатираат за уште една итна помош од 45 милијарди долари за Украина, со што вкупната американска помош за време на војната ќе достигне над 100 милијарди долари.

Зеленски, на неговото прво патување надвор од неговата земја по инвазијата на Русија во февруари, рече дека сакал да ги посети САД порано и оти неговата посета сега покажува дека „ситуацијата е под контрола, поради вашата поддршка“.

Зеленски рече дека војната ќе заврши штом ќе бидат обновени суверенитетот, слободата и територијалниот интегритет на Украина, како и „отплатата за сите штети нанесени од руската агресија“.

Непосредно пред неговото пристигнување, САД ја објавија својата најголема поединечна испорака на оружје за Украина, вклучувајќи ги и ракетите Патриот, а Конгресот планира да гласа за пакетот трошоци што вклучува околу 45 милијарди долари итна помош за Украина.

Бајден рече дека Русија се обидува да ја искористи зимата како оружје, но оти украинскиот народ продолжува да го инспирира светот.

На заедничка прес-конференција, Бајден рече дека рускиот претседател Владимир Путин „нема намера да ја запре оваа сурова војна“.

Бајден рече дека е „важно за американскиот народ и за светот, да слушне директно од вас, господине претседателе, за борбата на Украина и за потребата да продолжиме да останеме заедно во 2023 година“.

По состанокот во Белата куќа, украинскиот претседател ќе има обраќање пред Конгресот, на кој ќе присуствува и потпретседателката на САД Камала Харис.

Кремљ денес предупреди дека зголемувањето на снабдувањето со американско оружје за Киев ќе ја влоши војната и оти тоа „не е добро“ за Украина.

„Испораките на оружје (од страна на САД) продолжуваат, асортиманот на испорачаното оружје се шири. Сето ова, се разбира, води кон влошување на конфликтот и, всушност, не е добро за Украина“, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.

Извор: АП

XS
SM
MD
LG