Линкови за пристапност

Бајден ќе оди во Мексико во време на зголемен број мигранти на јужната граница


Претседателот на САД ќе се сретне со мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор и со канадскиот премиер Џастин Трудо од 9 до 10 јануари
Претседателот на САД ќе се сретне со мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор и со канадскиот премиер Џастин Трудо од 9 до 10 јануари

Претседателот Џо Бајден ќе отпатува за Мексико следниот месец на самитот на северноамериканските лидери, соопштија претставници на Белата куќа.

Бајден ќе се сретне со мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор и со канадскиот премиер Џастин Трудо од 9 до 10 јануари.

Портпаролот на Белата куќа за национална безбедност Џон Кирби рече дека лидерите, меѓу другите теми, ќе разговараат за економската стабилност, безбедноста и имиграцијата.

Самитот доаѓа кога САД и Мексико се соочуваат со зголемен број мигранти на јужната граница, по веста дека владата на САД ги прекинува здравствените ограничувања за итни случаи од ерата на ковид, што им овозможи на граничните службеници веднаш да ги протераат мигрантите кои пристигнуваат на границата.

Врховниот суд во понеделникот го паузираше крајот на ограничувањата бидејќи ги слуша аргументите од 19 држави, предводени од републиканци, кои побараа ограничувањата да останат во сила.

Минатата година тројцата лидери се сретнаа во Вашингтон. Мексико го најави самитот минатиот месец, но САД не потврдија.

И САД и Канада поднесоа барање за консултации, чекор што му претходи на поднесување трговска жалба, поради политиката на Лопез Обрадор да ја фаворизира мексиканската државна енергетска компанија.

Двете земји велат дека фаворизирањето на домашна компанија пред американските и канадските фирми го прекршува договорот за слободна трговија меѓу САД, Мексико и Канада.

Извор: АП

XS
SM
MD
LG