Линкови за пристапност

Заштита на клучната инфраструктура - врвен национален приоритет во Северна Македонија


Изработка на среднорочен и долгорочен план за унапредување на институциите и инфраструктурата на државата при хибридни закани.“, изјави Димитар Ковачевски, премиер на Северна Македонија.
Изработка на среднорочен и долгорочен план за унапредување на институциите и инфраструктурата на државата при хибридни закани.“, изјави Димитар Ковачевски, премиер на Северна Македонија.

Честите дојави за поставени бомби, кои државата ги карактеризираше како хибридни напади, го вклучи алармот за потреба од имање навремена подготовка и план за реакција во итни случаи. Еден од чекорите е изработка на закон за критична инфраструктура, кој е во фаза на предлог-решение, чија цел е создавање стратегија во која заштитата на клучната инфраструктура ќе биде врвен национален приоритет. Работниот документ ја дефинира критичната инфраструктура која е од суштинско значење за одржување на виталните функции на општеството, безбедноста, сигурноста, економското функционирање и предвидува зајакнување на улогата на министерството за одбрана во безбедносниот систем.

Како Северна Македонија да се справи со хибридна војна?
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:07 0:00

„Националната безбедност повеќе не подразбира исклучиво воени стратегии, туку се почесто се настојува да се елиминираат невоените загрозувања со воочувања на реалните опасности и нивно ефикасно отстранување. Честопати тоа претставува создавање стратегии на националната безбедност низ корпорациите и компаниите кои се дел од критична инфраструктура.“ изјави Славјанка Петровска, министерка за одбрана.

Проценките се дека електроенергетската инфраструктура, транспортот на нафта и природен гас, снабдувањето со прехранбени производи и вода, здравственото обезбедување, како и банкарскиот и финансискиот систем се најранливи сегменти на инфраструктурата, што го покажа и војната во Украина.

Двомесечните анонимни закани за бомби кои предизвикаа паника, но и негативни ефекти врз економијата, ја натераа владата сериозно да го сфати прашањето за кое и заседаваше Советот за координација на безбедносните служби. На состанокот било договорено формирање тим експерти од сите безбедносно-разузнавачки организации во земјата.

„Тој тим ќе треба да изработи дијагностика на системите кои се дел од критичната инфраструктура во дел на сајбер безбедност и хибридни закани што ќе биде основа за изработка на среднорочен и долгорочен план за унапредување на институциите и инфраструктурата на државата во овој домен.“, изјави Димитар Ковачевски, премиер на Северна Македонија.

Опозицијата, која подолг период бара предвремени избори, прашањето на хибридните закани го става во дневнополитички контекст – обвинува дека власта не е способна да се справи со ситуацијата.

„Денеска се лажни дојави на бомба, утре ќе биде нешто друго. И така ние ќе се вртиме во круг. Направија анализа од центарот за комуникации во рамките на нашата партија - од 2018 година ние се бориме со хибридни напади зашто тогаш ги најавувала Шекеринска, денеска се бори повторно оваа Влада, на Ковачевски. Значи четири години ние се бориме со хибридни напади. Значи не знам кој да беше, до сега ќе победеше.“, изјави Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

По неуспешните обиди за откривање на структурите кои стојат зад лажните дојави надлежните служби информираа дека минатата недела стапиле во контакт со структурите на НАТО, за „да се види каков хибриден пристап кон регионот може да се случи и која би можела да биде причината“.

XS
SM
MD
LG