Линкови за пристапност

Анализа за едноцифрената популарност: Големата порака е дека електоратот нема доверба кон ниту еден од политичките лидери


Не гледаме дека педесет проценти од испитаниците велат дека немаат доверба воопшто во кој било политичар што е сега актуелен, вели аналитичарот Арсовски
Не гледаме дека педесет проценти од испитаниците велат дека немаат доверба воопшто во кој било политичар што е сега актуелен, вели аналитичарот Арсовски

Големата порака од анкетата на ИРИ во делот за политичките лидери е дека електоратот нема доверба во ниту еден од нив, а не за тоа колкава била разликата меѓу Мицковски, Ковачевски, Груевски, чии едноцифрени рејтинзи се во рамките на статистичката грешка, смета политичкиот аналитичар Петар Арсовски

Големата порака од анкетата на ИРИ во делот за политичките лидери е дека електоратот нема доверба во ниту еден од нив, а не за тоа колкава била разликата меѓу Мицковски, Ковачевски, Груевски, чии едноцифрени рејтинзи се во рамките на статистичката грешка.

Тоа се дел од размислувањата на политичкиот аналитичар Петар Арсовски со кого разговаравме за резултатите од анкетата на ИРИ (Меѓународниот републикански институт), а во кои преовладува мислењето дека државата оди во погрешна насока.

Тоа што најмногу го привлече вниманието во јавноста е популарноста на актуелните политички лидери, при што бројките за рејтингот кај нив се едноцифрени. Според Арсовски, тоа не е мерило за популарност на политички лидер.

„Имајте предвид дека сите политичари, односно првите пет на пример, се движат во распонот од 4 до 7 проценти, што е во рамките на статистичката грешка. Вкупната приказна таму е дека најголемиот дел од респондентите, скоро 50 проценти, немаат доверба во ниту еден политичар. Тоа е вистинската голема слика“, посочува Арсовски.

Тој нагласува дека големата порака што ја упатуваат гласачите е дека немаат доверба во ниту еден актуелен политички лидер.

Сите сме фокусирани на оваа мала коска која ја гледаме меѓу пет и седум проценти, а не гледаме дека педесет проценти од испитаниците велат дека немаат доверба воопшто во кој било политичар што е сега актуелен
Петар Арсовски

„Сите сме фокусирани на оваа мала коска која ја гледаме меѓу пет и седум проценти, а не гледаме дека педесет проценти од испитаниците велат дека немаат доверба воопшто во кој било политичар што е сега актуелен. Тоа е големата порака што ја праќа електоратот, а не дали Христијан Мицковски, Ковачевски или Груевски имале два, три проценти разлика еден меѓу друг. Сепак тие се една десетина од вкупниот број на граѓаните кои велат дека нема доверба во ниту еден политички репрезент“, вели Арсовски.

Ковачевски: Свесноста за моето работење растела со 1,44% на месечно ниво, што е прилично голем процент
Ковачевски: Свесноста за моето работење растела со 1,44% на месечно ниво, што е прилично голем процент

Премиерот Димитар Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање, денеска истакна дека е задоволен од сопствениот рејтинг во анкетата. За Ковачевски во анкетата стои дека 10% од испитаниците го истакнале како Владин лидер од чија работа се задоволни, додека во табелата за популарност има пет проценти.

„Зборувајќи за себе, бидејќи опфаќа десет месеци од моето назначување, свесноста за моето работење растела со 1,44% на месечно ниво, што е прилично голем процент“, рече Ковачевски.

Марко Трошановски, пак, од Институтот за демократија, во разговор за Гласот на Америка, истакна дека перцепцијата на граѓаните дека состојбите на економски, социјален, политички, правосуден план се движат во негативна насока, може да креира состојба на апатичност и незаинтересираност кај нацијата.

„Тоа значи дека многу повеќе граѓани ќе апстинираат од гласање бидејќи не се препознаваат во политичката понуда. Тоа значи дека склоноста кон популизам и демагошки политички наративи и лидери ќе се зголеми. Тоа, пак, подразбира и намалена демократска побарувачка на граѓаните. Односно, сè помалку ќе гледаат релевантност на реформскиот процес“, укажува Трошановски.

Во табелата на политички лидери стои и избеганиот поранешен премиер, Никола Груевски со 7%, зад него е лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски со 6%, а исто толку има и Али Ахмети, лидерот на ДУИ.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG