Линкови за пристапност

САД санкционираа руски олигарх со директни врски со Путин


Американскиот државен секретар Ентони Блинкен рече дека САД ќе продолжат да наметнуваат трошоци за Русија за нејзината агресивна војна против Украина
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен рече дека САД ќе продолжат да наметнуваат трошоци за Русија за нејзината агресивна војна против Украина

САД воведоа нови економски санкции против руските финансиски интереси, насочени кон еден од најбогатите бизнисмени во земјата Владимир Потанин, и неговото семејство, во најновиот обид да се изврши притисок врз Москва заради нејзината војна против Украина.

Потанин некогаш беше заменик-премиер на Русија, а САД рекоа дека тој има директни врски со претседателот Владимир Путин. Тој го контролира Интеррос, инвестициска холдинг компанија за која САД велат дека има огромни интереси во Русија, вклучувајќи 36 проценти сопственост на Норникел, најголемиот светски производител на паладиум и рафиниран никел.

САД, исто така, го блокираа Потанин да ја користи Нирвана, јахтата вредна стотици милиони долари што тој делумно ја поседува. Велика Британија и Канада претходно воведоа санкции против него.

Дополнително, Стејт департментот ја стави на црната листа Росбанк, комерцијална банка со седиште во Русија, за која рече дека Потанин ја купил претходно оваа година, заедно со 17 подружници на руската ВТБ, втората по големина банка во земјата.

Брајан Нелсон, потсекретарот за тероризам и финансиско разузнавање во Одделот за финансии, во изјавата рече: „Со санкционирање на дополнителни големи руски банки, ние продолжуваме да ја продлабочуваме изолацијата на Русија од глобалните пазари“.

Тој рече дека санкциите на САД, „заедно со активностите преземени од нашите меѓународни партнери, дополнително ќе ја инхибираат способноста на режимот на Путин да ја финансира својата ужасна војна против Украина“.

Стејт департментот воведе и санкции за членовите на одборот на директори на државните руски железници, членовите на владата, вклучително и гувернерот на Московската област и членовите на нивните семејства.

Со санкциите се замрзнуваат сите средства на САД кои може да ги поседуваат оние на црната листа и генерално им забрануваат на Американците од какви било финансиски договори со нив.

Најновите санкции следат по долгиот список на санкции што САД и нивните сојузници им ги воведоа на руските олигарси и другите клучни деловни лидери откако Путин ја нападна Украина минатиот февруари.

Но, нема индикации дека финансиските притисоци со кои би можеле да се соочат поединците влијаеле на Путин да ги намали руските воени напори.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен рече дека САД ќе продолжат да наметнуваат трошоци за Русија за нејзината агресивна војна против Украина.

„Нашите акции денес се јасна порака дека САД нема да се двоумат да продолжат да ги користат алатките што ни стојат на располагање за да промовираат крај и одговорност за несовесната војна на претседателот Путин“, рече Блинкен.

XS
SM
MD
LG