Линкови за пристапност

Не треба да се гласа за корумпирани оти направиле нешто друго добро, вели „Транспаренси интернешнл“


Владите и судството треба да ги применуваат законите и да ги гонат и санкционираат оние кои се вклучени во корупција, без разлика колку се моќни, вели Делија Фереира Рубио претседателка за контрола на корупцијата во „Транспаренси Интернешнл“
Владите и судството треба да ги применуваат законите и да ги гонат и санкционираат оние кои се вклучени во корупција, без разлика колку се моќни, вели Делија Фереира Рубио претседателка за контрола на корупцијата во „Транспаренси Интернешнл“

„Транспаренси интернешнл“, која минатата недела ја одржа годишната меѓународна конференција за борба против корупцијата во Вашингтон, вели дека неуспехот на богатите земји, или Г-20, да формираат антикорупциска агенција покажува оти има уште многу за да се искорени глоналната корупција.

Делија Фереира Рубио, претседателка на „Транспаренси Интернешнл“ за контрола на корупцијата, во интервју за Гласот на Америка, изјави дека глобалните напори за борба против корупцијата се на вистинскиот пат, а поддржувачите ја зголемуваат свеста и градат алатки и мрежи за спречување на корупцијата.

Според неа, единствениот начин да се победи корупцијата е да се работи заедно, вклучувајќи го јавниот сектор, приватниот сектор, граѓанските групи и народот.

Глас на Америка: Значи, што слушнавте од претставниците и од владите? Слушнавте ли силни уверувања дека борбата против корупцијата ќе продолжи и оти ќе има акција за борба против корупцијата?

Рубио: Да, ние сме слушнале такви декларации овде порано и она што би сакале да го видиме е акција. (Политичка). Кандидатите, на пример, велат „ќе се борам против корупцијата“, а потоа го забораваат тоа ветување и почнуваат да прават други работи. Значи, ни треба акција сега. Нам, граѓанското општество, ни е преку глава од заложби и декларации. Ни треба акција. Ни требаат да ги заштитат оние што го бранат интегритетот, ни требаат да реагираат кога се користи моќ и влијание за да се избегнат санкциите или слични работи. Секогаш велам дека треба да се бориме за повеќе информации, повеќе интегритет, помалку неказнивост, помалку рамнодушност. И овој фактор на неказнивост значи дека владите и судството треба да ги применуваат законите и да ги гонат и санкционираат оние кои се вклучени во корупција без разлика колку се моќни.

Глас на Америка: Зборувате за санкции. За некои луѓе корупцијата е како тероризам, нели. Значи, има луѓе кои владите ги сметаат за терористи, но за други тие луѓе се борци за слобода. За некои луѓе, некои земји се покорумпирани од други, и има санкции кои се применуваат против одредени земји и постојат аргументи дека корупцијата е домашно прашање што владите, преку нивните механизми на граѓанското општество, треба да се борат против корупцијата, а не со меѓународните санкции. Каков е вашиот одговор на тоа?

Рубио: Корупцијата е глобален проблем. Оние земји кои според нашиот индекс на перцепција се гледаат како транспарентни, имаат одговорност да го запрат глобалниот феномен на корупција, бидејќи ова е мрежа. Ова е мрежа на корумпирани актери кои дејствуваат за сопствен профит, се разбира, и ги искористуваат сите дупки во законодавството. И ние мораме да ги сфатиме тие земји како транспарентни, навистина вклучени во играњето на улогата што ја имаат во смисла да бидат чувари на портите што ќе го запрат ова.

Глас на Америка: Го слушнавте Џејк Саливан, советникот за национална безбедност на САД, на почетокот на оваа конференција, како вели дека имотот на руските олигарси во вредност од над 30 милијарди долари е замрзнат во западниот свет. Дали е ова вид на акција што сакате да ја видите?

Рубио: Да, се разбира, но не само замрзнати, туку тие мора да бидат конфискувани и имотот што е украден треба да се врати кај сиромашните во земјата, од кои е украден. Ова е проблем со враќањето на средствата - кој ќе биде задолжен за користење на овие средства? Овие средства ќе се вратат во земјите, но замрзнувањето на имотот е многу важна работа.

Глас на Америка: Значи, постои ли нешто како корумпирана слободна земја било каде во светот?

Рубио: Не, секако дека не. Нашиот Индекс за перцепција на корупцијата ги рангира земјите од 100, што би се сметало за многу транспарентно општество, до нула кога се перципра корупција во јавниот сектор. Тоа е индекс на перцепција за јавниот сектор. И, се разбира, нема земја која ги добива сите 100 поени. Се разбира, корупција може да се случи во сите земји низ светот, дури и во западните демократски и многу цврсти, развиени земји, дури и во тие земји како што спомнав, може да имате случаи на корупција. Има разлика меѓу земјите, оние кои се перцепирани како транспарентни и оние кои се перципирани како корумпирани, а разликата е во тоа како тие реагираат кога има случај на корупција. Во некои земји, тие ги применуваат законите, судовите донесуваат одлуки, ако корумпираните актери треба да одат во затвор, тие се стават во затвор. Ако треба да платат казна, треба да ја платат казната. Во другите земји нема институционална реакција или случаите траат 20 години за да се дојде до судска одлука, кога никој не се сеќава за што зборуваме во овој случај. Другото е како општествата реагираат. Во некои случаи, во некои земји, постои нулта толеранција за корупција. Во некои други, можеби идејата е, добро тие се корумпирани, но прават некои добри работи, па ние продолжуваме да гласаме за овие луѓе. И тоа не е вистинската реакција. Ако сакаме да ја испратиме вистинската порака, пораката е дека не прифаќаме корупција.

XS
SM
MD
LG