Линкови за пристапност

Руски напади со ирански дронови врз Киев


Украинската војска соопшти дека нејзината противвоздушна одбрана соборила 13 беспилотни летала Шахед, ист тип што Русија го користела за уривање на цели во повеќе украински градови.
Украинската војска соопшти дека нејзината противвоздушна одбрана соборила 13 беспилотни летала Шахед, ист тип што Русија го користела за уривање на цели во повеќе украински градови.

Украинските власти соопштија дека рускиот напад врз главниот град на Украина, Киев, со беспилотни летала од Иран, оштетил две административни згради.

Градоначалникот на главниот град, Виталиј Кличко, пријавил експлозии во областа Шевченковски во центарот на Киев.

Засега не е јасно дали има жртви.

Украинската војска соопшти дека нејзината противвоздушна одбрана соборила 13 беспилотни летала Шахед, ист тип што Русија го користела за уривање на цели во повеќе украински градови.

„Уште еден масовен напад со дрон врз Киев. Очигледно е дека руската војска се чувствува самоуверена само кога напаѓа мирни градови“, објави украинското Министерство за одбрана на Твитер.

Европската унија додаде санкции против Иран оваа недела поради неговата улога во развојот и снабдувањето со беспилотни летала што Русија ги користи во нејзината војна во Украина.

Шефот на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина и Русија извршиле размена на затвореници во која биле вклучени 64 украински војници кои се бореле во источните региони Доњецк и Луганск.

Андриј Јермак на Твитер напиша дека размената вклучува и еден американски државјанин, Суеди Мурекези. „Њујорк тајмс“ и „Вашингтон пост“ во јули објавија дека Мурекези бил ветеран на американските воздухопловни сили, кој се преселил во Украина пред четири години. Проруските сили го приведоа во јуни во јужниот украински град Керсон, а братот на Мурекези рече дека тој е лажно обвинет за учество во про-украинските протести.

XS
SM
MD
LG