Линкови за пристапност

Украинските безбедносни служби извршија рација во Киевскиот манастир


Украинската безбедносна служба во вторникот соопшти дека извршила рација во православниот манастир во Киев со цел да се спротивстави на сомнителните „субверзивни активности на руските специјални служби“.

Рацијата се случи во Киевската Печерска Лавра.

Во соопштението на украинската служба за безбедност се вели дека акцијата имала за цел да се спречи користењето на манастирот за засолниште на диверзантски и разузнавачки групи, странски државјани или продавници за оружје.

Руската православна црква и Кремљ ја осудија рацијата.

Украина во понеделникот ги повика жителите во главниот град и другите области на земјата да ја ограничат употребата на електрична енергија додека се обидува да ги поправи оштетувањата на електричната мрежа од руските напади, додека Светската здравствена организација предупреди дека милиони во Украина се соочуваат со „опасност по живот“ оваа зима.

„Оваа зима ќе биде опстанок“, рече Ханс Клуге, регионален директор на СЗО за Европа.

Клуге им рече на новинарите во понеделникот, „нападите врз здравствената и енергетската инфраструктура значат дека стотици болници и здравствени установи веќе не се целосно функционални, немаат гориво, вода и електрична енергија“.

Тој, исто така, предупреди на уникатни здравствени предизвици за земјата, вклучително и „респираторни инфекции како што се ковид-19, пневмонија, грип и сериозен ризик од дифтерија и сипаници кај веќе недоволно вакцинираната популација“.

Во своето ноќно обраќање во понеделникот, украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика жителите во Киев да штедат енергија и ги замоли жителите во другите тешко погодени области во земјата да го сторат истото, вклучително и во Виница, Суми и Одеса.

„Системската штета на нашиот енергетски систем од нападите на руските терористи е толку значителна што сите наши луѓе и бизниси треба да внимаваат и да ја редистрибуираат својата потрошувачка во текот на денот“, рече тој.

Украинскиот државен мрежен оператор „Укренерго“ извести дека 40 отсто од Украинците се соочуваат со потешкотии поради оштетување на најмалку 15 големи енергетски центри низ целата земја, пренесува Асошиејтед прес.

Некои информации за овој извештај се од Асошиетед прес, агенцијата Франс прес и Ројтерс.

XS
SM
MD
LG