Линкови за пристапност

И натаму не e јасно кој ќе ја преземе контролата врз Претставничкиот дом


Републиканците сега имаат предност со 212-204 во Претставничкиот дом и допрва треба да се одлучи која партија ќе освои мнозинство од 218 места
Републиканците сега имаат предност со 212-204 во Претставничкиот дом и допрва треба да се одлучи која партија ќе освои мнозинство од 218 места

Демократите ќе имаат тесна контрола врз Сенатот кога новиот Конгрес ќе ја преземе функцијата во јануари, но контролата на Претставничкиот дом останува неизвесна, шест дена по минатонеделните избори.

Републиканците имаат предност со 212-204 во Домот, и допрва треба да се одлучи која партија ќе освои мнозинство од 218 места во Претставничкиот дом од вкупно 435 членови.

Повеќето американски политички аналитичари предвидуваат дека кога ќе се пребројат преостанатите гласови за местата во Претставничкиот дом, што може да потрае неколку дена, републиканците веројатно ќе освојат многу тесно мнозинство.

Демократите го обезбедија 50-то место во 100-члениот Сенат доцна во саботата, бидејќи сенаторката од Невада, Кетрин Кортес Масто, која се сметаше за најранливата демократка која бараше реизбор, тесно го надмина Адам Лаксалт, поранешен јавен обвинител во западната сојузна држава.

Американскиот претседател Џо Бајден рече дека победата на Невада во Сенатот го прави посилен во разговорите со кинескиот претседател Шји.

Пред изборите минатиот вторник, американските политички анкетари и аналитичари нашироко предвидуваа широк „црвен бран“ на победи на републиканците во Претставничкиот дом и можно преземање на Сенатот.

Демократскиот лидер во Сенатот Чак Шумер, уверен дека ќе остане лидер на мнозинството во Сенатот, ги нарече резултатите „оправдување“ за демократите и нивната агенда.

Тој рече дека републиканците ги исклучиле гласачите со екстремизам и „негативност“, вклучувајќи го и погрешното инсистирање на некои кандидати дека изборите во 2020 година му биле украдени на тогашниот претседател Доналд Трамп.

„Америка покажа дека веруваме во нашата демократија“, рече Шумер.

Републиканците главно останаа тивки за исходот на Сенатот, иако како што стана јасно во последниве денови дека нема да се оствари голема републиканска победа, некои партиски функционери веќе ја префрлија вината на Трамп за неговата поддршка на кандидатите, од кои многумина загубија, што главно се засноваше на тоа дали тие се согласуваат со неговото тврдење дека бил измамен за уште еден четиригодишен мандат.

Трамп сигнализираше дека планира да ја објави својата претседателска кандидатура во 2024 година утре.

XS
SM
MD
LG