Линкови за пристапност

Уште не се знае кој ќе ја преземе контролата во Конгресот


Конгресменот Кевин Мекарти, актуелниот лидер на републиканското малцинство во Претставничкиот дом, бара поддршка да стане следниот спикер доколку републиканците ја преземат контролата
Конгресменот Кевин Мекарти, актуелниот лидер на републиканското малцинство во Претставничкиот дом, бара поддршка да стане следниот спикер доколку републиканците ја преземат контролата

Републиканците се доближија до контрола на Претставничкиот дом, но исходот од две трки во Сенатот во западните сојузни држави Аризона и Невада останува неизвесен, три дена по гласањето на националните конгресни трки.

Се чини дека републиканците победија во 209 избори во Претставничкиот дом во обид да постигнат мнозинство од 218 гласа во 435-члениот Претставнички дом. Демократите освоија 192 места, оставајќи 34 трки неодлучни додека пребројувањето на гласовите продолжува.

Републиканците велат дека се уверени оти ќе го освојат мнозинството во Претставничкиот дом, иако изразуваат вознемиреност дека големината на нивната политичка предност во однос на демократите веројатно ќе биде далеку помала од предизборните предвидувања кои најавуваа „црвен бран“ на републикански победници што ќе го пополнат Претставничкиот дом во јануари, кога новиот Конгрес ќе положи заклетва.

Конгресменот Кевин Мекарти, актуелниот лидер на републиканското малцинство во Претставничкиот дом, е фаворит да стане следниот спикер доколку републиканците ја преземат контролата.

Тој почна да бара поддршка од републиканците на претстојното гласање на партиската група за да се утврди кој ќе ги води законодавците во Претставничкиот дом.

Доколку победи, Мекарти ќе ја замени демократката Ненси Пелоси, актуелната спикерка, и како неа, според Уставот на САД, автоматски ќе стане втор човек веднаш зад потпретседателот, доколку двете водечки позиции во земјата бидат испразнети и треба да бидат пополнети.

Како што е сега, републиканците освоија 49 од 100-те места во Сенатот, додека демократите освоија 48, што практично ја отсликува сегашната поделба од 50-50 меѓу двете партии.

XS
SM
MD
LG