Линкови за пристапност

Украина се подготвува да го поврати Херсон по повлекувањето на руските војници


Кремљ денес рече дека повлекувањето на руските војници на никаков начин не претставува срам за Путин
Кремљ денес рече дека повлекувањето на руските војници на никаков начин не претставува срам за Путин

Русија денес се откажа од последното упориште во голем град во јужна Украина, отворајќи им го патот на украинските сили да го вратат единствениот провинциски главен град на земјата, кој е под контрола на Русија, и кој би можел да биде отскочна даска за понатамошен напредок кон окупираната територија, објави Асошиетед прес.

Руското министерство за одбрана соопшти дека нејзините трупи го завршиле повлекувањето од западниот брег на реката што ја дели украинската област Херсон во 5 часот наутро, а областа што ја оставија го вклучуваше градот Херсон, единствениот главен град на провинцијата што Русија го зазеде за време на нејзината речиси деветмесечна инвазија на Украина.

Видеата и фотографиите на социјалните мрежи покажаа дека жителите радосно излегуваат на улиците, а украинското знаме се вее над споменикот на централниот плоштад во Херсон за првпат откако градот беше заземен на почетокот на март.

Украинските власти не потврдија дека градот е повторно во рацете на Украина. Портпаролот на воената разузнавачка агенција на Украина рече дека „операција за ослободување на Херсон“ и околниот регион со исто име е во тек.

„Ќе може да се зборува за воспоставување украинска контрола над градот само по официјалниот извештај на Генералштабот на украинската армија, изјави Андриј Јусов за АП.

Украинското разузнавање ги повика руските војници кои можеби се` уште се во градот да се предадат во исчекување на пристигнувањето на украинските сили.

„Вашата команда ве остави на милост и немилост на судбината“, се вели во соопштението.

„Вашите команданти ве повикуваат да се облечете во цивилна облека и да се обидете сами да избегате од Херсон. Очигледно, нема да можете“.

Украинскиот регионален функционер Серхиј Клан, го оспори тврдењето на руското Министерство за одбрана дека 30.000 војници кои се повлекувале со себе ги зеле сите 5.000 парчиња опрема, велејќи дека „многу“ хардвер останал зад себе.

Конечното повлекување на Русија дојде шест недели откако рускиот претседател Владимир Путин незаконски го анектираше регионот Херсон и три други украински провинции, ветувајќи дека тие засекогаш ќе останат руски.

Московските сили сè уште контролираат околу 70 отсто од регионот Херсон по наредбата за повлекување во време на украинска контраофанзива.

Кремљ остана пркосен денес, инсистирајќи дека повлекувањето на никаков начин не претставува срам за Путин.

Москва продолжува да го гледа целиот регион Херсон како дел од Русија, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.

XS
SM
MD
LG