Источноевропските земји како Словачка и Унгарија се подготвуваат за зголемување на бројот на бегалци од Украина во наредните месеци, како што се приближува зимата.
Русија во изминатите неколку месеци ги таргетираше електричните централи и топланите во Украина. Температурите се спуштаат под нулата Целзиусови со најава и до минус 20 Целзиусови степени во регионот. Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека околу 4 милиони луѓе се без напојување со електрична енергија.
Роман Доховиќ, координатор за помош за источниот словачки град Кошице, рече дека зголемувањето на бројот на бегалци „во моментов е зголемено за 15 отсто“, при што се верува дека и дополнително околу 6,9 милиони луѓе се внатрешно раселени во различни делови на Украина.
Меѓутоа, Русија продолжува да ги распоредува своите трупи и ги повикува резервистите да ја продолжат својата инвазија. Според извештаите, силите на Украина добро се справуваат во одбрана на нападите и исто така се во офанзива.
Како дел од нејзините пошироки воени напори, Русија работи на поправка на Кримскиот мост уништен во октомври, но британското Министерство за одбрана во средата соопшти дека мостот „има мала веројатност да биде целосно оперативен барем до септември 2023 година“.
Мостот се користи за пренос на руски логистички резерви за Крим и јужна Украина. Русија ја користеше рутата за да преместува воена опрема и војници во областа.
Некои информации во овој извештај се од Ројтерс.