Линкови за пристапност

Украина повторно го освоила клучниот град Снихуривка во стратешкиот регион Миколаев


Украина тврди дека го вратила од Русија нејзиниот јужен град Снихуривка, последниот преостанат град под руска окупација во регионот на Миколаев и стратешка локација што води до градот Керсон.

„Денес, на 10-ти ноември, Снихуривка беше ослободена од силите на 131-от посебен разузнавачки баталјон. Слава на Украина“,викал војник додека цивили ракоплескале, според Ројтерс. Локацијата на видеото, споделена од украинската национална телевизија и објавена на социјалните мрежи, беше потврдена од Ројтерс, но не и датумот на снимањето на видеото.

Рускиот министер за одбрана во средата изјави дека московските трупи се повлекуваат од клучниот јужен украински град Керсон, иако украинските власти изразија скептицизам дека е во тек целосно повлекување од единствениот регионален главен град што Русија го зазеде од нејзината инвазија минатиот февруари.

И, покрај најавата на Русија за повлекување од областа, украинските власти велат дека се претпазливи и се сомневаат дека тоа би можело да биде замка на Кремљ.

Иако таквото повлекување би било големо назадување за рускиот претседател Владимир Путин, претседателот Џо Бајден во средата не сакаше да каже дали тоа ќе го поттикне Киев да преговара со Москва.

„Останува да се види дали ќе биде донесена пресуда за тоа дали Украина е подготвена на компромис со Русија или не“, рече тој. „Ќе одам на Г-20. Ми кажаа дека претседателот Путин веројатно нема да биде таму, но други светски лидери ќе бидат таму во Индонезија и ќе имаме можност да видиме кои би можеле да бидат следните чекори“, рече Бајден.

Некои информации во овој извештај се од Ројтерс.

XS
SM
MD
LG