Линкови за пристапност

Русија го продолжи спроведување на договорот за испорака на украинско жито


Русија соопшти дека го продолжува своето учество во договорот за олеснување на испораката на украинско жито преку Црното Море. „Руската Федерација смета дека добиените гаранции во моментот изгледаат доволни и продолжува со спроведувањето на договорот“, се вели во соопштението на Министерството за одбрана.

Русија го прекина своето учество во саботата, откако обвини дека Украина користела беспилотни летала за да ја нападне руската црноморско флота.

Обединетите нации и Турција посредуваа за договор со Русија и Украина за обновување на украинските испораки на жито и овозможување на руски испораки на ѓубриво во јули, во услови на глобална прехранбена криза.

Руската суспензија ги прекина пратките во последниве денови, додека другите страни во шемата работеа на извлекување на некои пратки од украинските пристаништа и на спроведување на некои од инспекциите во Истанбул, кои се бараат според договорот.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека на коридорот за жито му е „потребна сигурна и долгорочна заштита“. „Русија треба јасно да знае дека ќе добие остар одговор од светот на какви било чекори што ќе го нарушат нашиот извоз на храна“, рече Зеленски.

„Ова е буквално прашање на живот за десетици милиони луѓе“.

Пентагон изрази „загриженост“ дека Русија може да се обиде да добие повеќе оружје од Иран за да го користи во војната против Украина. Русија неодамна ја гаѓаше цивилната инфраструктура со беспилотни летала произведени од Иран, а иранскиот персонал и помага на руската војска да ги изврши овие напади со беспилотни летала од Кримскиот Полуостров, според САД.

„Имаме загриженост дека Русија, исто така, може да се обиде да стекне дополнителни напредни капацитети за муниција од Иран, на пример, ракети земја-земја, за употреба во Украина“, рече Рајдер.

XS
SM
MD
LG