Поранешниот претседател на САД Доналд Трамп побара од Врховниот суд да интервенира во неговата борба да ја спречи даночната комисија на Претставничкиот дом да добие пристап до неговите даночни пријави од причини за кои тој тврди дека се политички мотивирани, објави Ројтерс.
Трамп поднесе итно барање да се стави во мирување пресудата на понискиот суд, со која беше одобрено барањето за даночните материјали, додека неговите адвокати подготвуваат жалба.
„Ако биде дозволено да стои, тоа ќе ја поткопа поделбата на власта и ќе ја направи канцеларијата на претседателството ранлива на инвазивни барања за информации од политичките противници во законодавната гранка“, напишаа адвокатите на Трамп, мислејќи на поделбата на власта меѓу трите гранки на Владата на САД.
Во 2019 година даночната комисија на Претставничкиот дом го тужеше Трамп за да го принуди да ги открие даночните пријави. Трамп беше првиот претседател во последните четири децении кој не ги објави своите даночни пријави.
Окружниот судија на САД Тревор Мекфејден, назначен од Трамп, застана на страната на Конгресот во декември 2021 година и го отфрли случајот, откривајќи дека комитетот има широки овластувања за даночните пријави на поранешниот претседател.
Во август, Окружниот апелационен суд на САД пресуди против Трамп, заклучувајќи дека „секој претседател ја презема функцијата знаејќи дека ќе подлежи на истите закони како и сите други граѓани по напуштањето на функцијата“.
Апелациониот суд одби повторна расправа на 27 октомври.