Линкови за пристапност

Следната недела ќе се објави аудиокнига со разговори меѓу Трамп и новинарот Вудворд


„Трамп лентите“ ќе бидат објавени на 25 октомври
„Трамп лентите“ ќе бидат објавени на 25 октомври

Повеќе од осум часа разговори меѓу поранешниот претседател Доналд Трамп и новинарот Боб Вудворд ќе бидат објавени следната недела како аудиокнига, пренесе Асошиетед прес.

„Сајмон и Шустер Аудио“ вчера објавија дека „Трамп лентите“ ќе бидат објавени на 25 октомври.

Вудворд, заедно со колегата од Вашингтон пост Роберт Коста, го интервјуираа Трамп во 2016 година, кога тој бараше републиканска номинација за претседател.

Вудворд потоа го интервјуираше тогашниот претседател 19 пати во 2019-2020 година, за неговата најпродавана книга за администрацијата на Трамп, „Бес“.

„Овде правам нешто што никогаш претходно не сум го направил, презентирајќи ги долгите, необработени интервјуа на мојата работа“, коментира Вудворд во воведот.

„Сакав да изнесам што повеќе од гласот на Трамп, неговите сопствени зборови, за да можат луѓето да слушнат и да дадат свои проценки“.

Поранешната прва дама Меланија Трамп, Доналд Трамп Џуниор и поранешниот потпретседател Мајк Пенс се меѓу оние кои се појавуваат додека зборуваа Вудворд и претседателот.

Аудиокнигата ги вклучува и разговорите на Вудворд со зетот на Трамп, Џаред Кушнер и советникот за национална безбедност Роберт О'Брајан.

XS
SM
MD
LG