На компанијата на поранешниот претседател Доналд Трамп, Организацијата Трамп, оваа недела ѝ се суди за криминална даночна измама за, како што велат обвинителите, 15-годишна шема на највисоките функционери да избегнат плаќање даноци.
Воведните изјави и првите сведоци се очекуваат денес во Њујорк. Минатата недела, 12 поротници и шест заменици беа избрани за случајот, единственото кривично судење што произлезе од тригодишната истрага на окружниот обвинител на Менхетен за поранешниот претседател.
Меѓу клучните сведоци на обвинителството е долгогодишниот шеф за финансии на Трамп, Ален Вајселберг, кој се изјасни за виновен и се согласи да сведочи против компанијата во замена за петмесечна затворска казна.
Доколку го изгуби случајот, Организацијата Трамп може да биде казнета со повеќе од 1 милион долари и би можела да се соочи со потешкотии во обезбедувањето нови заеми и зделки.
Некои партнери и владини субјекти би можеле да бараат да ги прекинат врските со компанијата. Исто така, може да ја попречи нејзината способност да работи со американската тајна служба, која понекогаш ѝ плаќа на компанијата за сместување и услуги, додека го штити Трамп како поранешен претседател.
Извор: АП