Линкови за пристапност

Повлекувањето на Русија од договорот за жито ќе го зголеми гладот во светот, рече Бајден


Русија во саботата рече дека нападот на руската флота е причина за суспендирање на учеството во иницијативата за жито предводена од Обединетите нации
Русија во саботата рече дека нападот на руската флота е причина за суспендирање на учеството во иницијативата за жито предводена од Обединетите нации

Претседателот на САД Џо Бајден рече дека одлуката на Русија да го прекине учеството во украинскиот договор за жито е срамна и оти таа ќе го зголеми гладот.

Русија во саботата рече дека нападот на руската флота е причина за суспендирање на учеството во иницијативата за жито предводена од Обединетите нации (ОН). Украина не го потврди или негираше нападот на руската флота.

„ОН преговараа за тој договор и тоа треба да биде крајот на тоа“, рече Бајден.

Државниот секретар на САД Ентони Блинкен рече дека „со суспендирање на овој аранжман, Русија повторно ја вооружува храната во војната што ја започна, директно влијаејќи на земјите со низок и среден приход и глобалните цени на храната и влошувајќи ги веќе тешките хуманитарни кризи и несигурноста со храна“.

Блинкен, исто така, рече дека САД ја повикуваат „Русија да продолжи со своето учество во иницијативата, целосно да се придржува до аранжманот и да работи на тоа луѓето ширум светот да продолжат да можат да ги добиваат бенефициите што ги олеснува иницијативата“.

Украина, Турција и Обединетите нации денес работеа на пратките со жито да се движат низ Црното Море.

Шефот за надворешна политика на Европската унија, Жозеп Борел, ја повика Русија да се врати на договорот за да дозволи „храната да стигне до светот“.

„Одлуката на Русија да го прекине учеството во договорот ја става во опасност главната извозна рута на многу потребните жито и ѓубрива за справување со глобалната прехранбена криза предизвикана од нејзината војна против Украина“, рече тој, велејќи дека „ЕУ ја повикува Русија да ја смени својата одлука“.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во саботата го нарече излегувањето на Русија „предвидливо“. Тој ја обвини Москва дека од септември ги „блокира“ бродовите што пренесуваат жито.

Зеленски повика на остра реакција против Русија од меѓународните тела како ОН и групата Г-20 на најголемите светски економии.

Дел од информациите во текстот се преземени од Асошиетед прес, Франс-прес и Ројтерс

XS
SM
MD
LG