Линкови за пристапност

Кремљ нема потреба да испраќа тенкови на Балканот - рускиот наратив го шири со лажни вести и дезинформации, велат експерти


Serbia Bosnia Referendum
Serbia Bosnia Referendum

За пост-изборите во неколку земји на Балканот, протестите, граѓанското незадоволство и политичките турбуленции - експерти и добро познавачи на регионот дебатираа на настан во организација на Институт Хариман при Универзитетот Колумбија во Њујорк.

Фокусот на двочасовниот он-лајн настан беше врз тековниот дијалог Србија и Косово, влијанието на војната во Украина врз Србија и во регионот, зголеменото руско влијание, но и турбулентните политички настани со новите влади во Црна Гора и Босна и Херцеговина.

Влијанието на Русија во регионот со оглед на интензитетот на војната во Украина се наметна како главна тема меѓу соговорниците.

„Москва и натаму се обидува да ги подгрее тензиите на Балканот, преку казнени мерки врз земјите во регионот, и изјави со цел да ја поткопа политиката на ЕУ и НАТО, но и да ја оцрни американската надворешна политика кон Балканот како нерелевантна“, предупреди Ивана Страднер, од Центарот за медиумски интегритет.

Според неа, Русија нема потреба да испрати тенкови на Балканот. „Влијанието го прави преку социјалните медиуми со ширење на лажни вести и дезинформации на рускиот наратив за актуелните случувања во Украина и ја придобива поддршката од локалното население за нејзините потези, за кои главно, Москва наидува на жестока осуда од меѓународната заедница.

Најголема неизвесност има во односите Белград-Приштина, сметаат аналитичарите. „Косово и Србија се во правец на судир, со оглед дека на 1-ви ноември треба да стартува новиот договор за возачки таблици“, изрази загриженост Агон Малиќи, новинар од Приштина. Косово се обидува преку премиерот Курти и претседателката Османи да имаат подобра позиција во преговорите со Србија, со оглед на зачестените средби и контакти во Вашингтон“ изјави Малиќи.

Реуф Бајровиќ, потпретседател на невладината организација на Алијансата САД-Европа во Вашингтон, ги коментираше изборите во Босна, при што истакна дека „Босна се наоѓа во длабока криза“, со оглед на враќањето на националистички партии на власта од сите три ентитети.

Србија и натаму нема воведено санкции врз Москва но, гласа во ОН за резолуции со кои се осудува руската агресија во Украина, вака ја опишаа двојната игра на Белград, експертите.

Стана збор и за влијанието на Русија во Црна Гора преку религијата. „Москва тоа го прави со години преку Православната црква, која врши раздор меѓу Руската и Црногорската православната црква. Се уште нема информации кој стои зад последниот кибернатски напад врз државните институции во Црна Гора, иако, експертите не исклучуваат дека тоа е дело на Русија.

Поради војната во Украина, бледнее идејата на обединета Европа. Курт Басуенер, ко-основач и виш соработник во Центарот за демократизирање на политиката со седиште во Берлин се осврна на забавеното темпо на проширувањето на ЕУ.

„Владее фантазија дека проширувањето на ЕУ ќе ги реши наталожените проблеми на Балканот. Никој не сака да признае дека во реалноста, нема помрднување во спроведувањето на неопходните реформи за приближување кон стандардите и исполнување на критериумите за членство“, рече Басуенер.

XS
SM
MD
LG