Линкови за пристапност

Бујар Османи: Нам ни треба нов рамковен договор за ЕУ


„Hов раковен договор за ЕУ“
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:08 0:00

Извештајот на Европската комисија и критиките за отсуство на елементарно ниво на соработка меѓу власта и опозицијата како да го вклучи алармот, барем кај дел од политичките чинители. Шефот на дипломатијата, во присуство на словенечката министерка за надворешни работи, повика на создавање на, како што го нарече, „нов рамковен договор за ЕУ“ кој ќе ја извлече европската агенда од дневнополитичките случувања и блокади.

„Ако навистина сакаме 2030 да ни биде рок за влез во ЕУ мораме да си подадеме рака меѓу власт и опозиција дека оваа тема - ЕУ ќе ја тргнеме надвор од дневнополитичките препукувања. Нам ни треба нов рамковен договор за ЕУ во кој партиите од која било страна на политичката сцена ќе склучат договор дека ќе се поддржуваме за прашања поврзани со ЕУ. Еве уште еден повик – ајде да ја искористиме оваа шанса, да го искористиме 19 јули како историски датум на нашиот европски пат, да седнеме на маса, да седнат партиските лидери и да склучат меморандум, договор дека ќе се помагаат за прашања за ЕУ независно од тоа кој е на власт“, изјави Бујар Османи.

Тања Фајон, која долги години помина во Европскиот парламент поддржувајќи го интегрирањето на Западен Балкан во Унијата, се повика на искуството на нејзината земја и побара единство меѓу двата политички табора во име на евроинеграциите. Меѓу првите работи, според словенечката министерка, е промена на Уставот со што ќе се овозможи непречено водење на преговорите за членство.

„Треба да се фокусираме на исполнување на задачите и реформите – пред се на промената на Уставот, тоа е нешто што може да се реализира. Затоа, ги повикувам сите политички сили во земјава да го покажат патот на единството, одговорноста и посакуваме промената на уставот да се случи во согласност со временската рамка – тоа значи да има продолжување на преговорите без задоцнување до крајот на скрининг процесот“, рече таа.

Речиси во истовреме кога Фајон побара политичко единство, власта и опозицијата во парламентот пак го манифестираа спротивното – остра расправија околу изборот на уставни судии, прашање кое се најде и во извешатојот на ЕК.

„Да го обвинуваш ВМРО-ДПМНЕ за она за што ти не си го работел во континуитет 13 месеци – си почнал процедура во 2021, а завршува 2022 година и ВМРО-ДПМНЕ криво... Не, во оваа држава има неспособна власт која не сака да си ги заврши процесите“, вели Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Нека поднесат и пријави и што се сакаат зашто ова е во склоп во процедурата, но и излегуваме во пресрет на тоа да не се створи уставна криза со тоа што нема да може да функционира уставниот суд“, рече Јован Митрески од СДСМ.

„Северна Македонија, како земја која ги почна преговорите, има нови можности и одговорности. Оттука, парламентот има значајна улога во процесот на пристапни преговори. Мнозинството и опозицијата мора заедно и конструктивно да да соработуваат во Собранието и да се фоксуираат на конкретни чекори...“, пишува во неодамна објавениот извештај на ЕК.

XS
SM
MD
LG