Линкови за пристапност

Засега нема договор за размена на затвореници со САД, рече Песков


САД соопштија дека дале „суштински предлог“ до Русија за ослободување на рускиот трговец со оружје Виктор Боут за замена на американската професионална кошаркарска ѕвезда Бритни Грајнер и Пол Велан, кој беше оусден за шпионожа
САД соопштија дека дале „суштински предлог“ до Русија за ослободување на рускиот трговец со оружје Виктор Боут за замена на американската професионална кошаркарска ѕвезда Бритни Грајнер и Пол Велан, кој беше оусден за шпионожа

САД соопштија дека дале „суштински предлог“ до Русија, кој владините претставници го опишаа како размена на затвореници што ќе го испрати осудениот руски трговец со оружје Виктор Боут назад во Москва за да обезбеди ослободување на американската професионална кошаркарска ѕвезда Бритни Грајнер и Пол Велан, кој беше оусден за шпионожа.

Предлогот бил даден пред неколку недели, во јуни, иако до денес ништо не е постигнато.

Но, американскиот државен секретар Ентони Блинкен, иако одби да разговара за деталите за потенцијалниот договор, вчера рече дека очекува да го покрене ова прашање уште еднаш оваа недела во телефонски разговор со неговиот колега, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков, денес рече:

„Засега нема договор за ова прашање“.

Грајнер, на која ѝ се заканува затворска казна до 10 години ако биде осудена за транспорт на дрога, рече дека службените лица и наложиле да потпише документи на Московскиот аеродром, без да ѝ дадат објаснување за тоа што таа го признава.

Рускиот суд ѝ одобри притвор до 20 декември.

Велан, поранешен американски маринец, е затворен во Русија поради наводна шпионажа од 2018 година.

Неговото семејство и на Грајнер ја повикуваат Белата куќа да ги забрза напорите за нивно ослободување.

Дел од информациите во текстот се преземени од Асошиетед прес и Ројтерс

XS
SM
MD
LG