Линкови за пристапност

Бурата Јулија однесе 28 жртви при невремето


Реките се излеаа од коритото, а Ел Салвадор прогласи вонредна состојба и отвори 80 засолништа за невреме.
Реките се излеаа од коритото, а Ел Салвадор прогласи вонредна состојба и отвори 80 засолништа за невреме.

Бурата Јулија загуби на силина, но сè уште ги опсипува Гватемала и Ел Салвадор со поројни дождови во понеделникот, откако повторно се појави во Пацификот по ударот на Никарагва, објави Асошиејтед Прес.

Најмалку 28 лица загинаа како директна или индиректна последица на невремето. Агенцијата за спречување катастрофи на Гватемала соопшти дека пет лица загинале откако рид се урна врз нивната куќа во провинцијата Алта Верапаз, по што ги затрупа.

И во провинцијата Хуехутенаго, во близина на Мексико, загинаа девет лица, вклучително и еден војник убиен додека вршеше спасувачка работа. Властите во Ел Салвадор соопштија дека пет војници на салвадорската армија загинале откако се урна ѕид во куќа каде што барале засолниште во градот Комасагуа, каде стотици полицајци и војници спроведуваат рации против банди. Повреден е уште еден војник. Други две лица загинаа во градот Гуатаџиагуа во источниот дел на Салвадор, откако обилните дождови предизвикаа уривање на ѕид од нивниот дом. Уште еден маж во Ел Салвадор загинал кога го однела струја, а друг загинал кога врз него паднало дрво.

Реките се излеаа од коритото, а Ел Салвадор прогласи вонредна состојба и отвори 80 засолништа за невреме. Во соседен Хондурас, 22-годишна жена загина кога ја однесоа водни струи, а три лица загинаа кога нивниот брод се преплави или се преврте во северен Хондурас.

Маж во Никарагва загина од паѓање на дрво.

XS
SM
MD
LG